Се запали глисер во Охридско Езеро
Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри од брегот. За среќа, во инцидентот нема повредени лица. Во гаснењето на огнените јазици интервенирале екипите на Територијалната противпожарна единица Охрид, заедно со припадници на езерската полиција, кои брзо реагирале за да спречат поголема катастрофа. Според полициските информации, глисерот бил …
Continue Reading
Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете
Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила на крстосницата меѓу улиците „Илинденска“ и „Благоја Тоска“ во Тетово. Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, во инцидентот учествувале лица од две возила, при што дошло и до сообраќајна незгода, по што возилата го напуштиле местото на настанот. …
Continue Reading
Трипуновски: Над 280.000 тони домашна пченица ќе се откупат за стоковните резерви
Зголемување од 2 проценти годинава во однос на минатата има кај површините кои беа засеани со пченица. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство пренесува изјава на министерот Цветан Трипуновски кој посочува дека согласно првичните податоци од науката и теренските сондажи, се бележи „сериозен раст во делот на просекот кој ќе биде на државно ниво – тој ќе се движи оваа …
Continue Reading
Војниците во касарната „Илинден“ оддадоа почит за хероите загинати кај Љуботенски бачила
Во касарната „Илинден“ во Скопје, со положување венци и цвеќе, највисоките државни претставници оддадоа почит на хероите кои го загубија животот кај месноста Љуботенски бачила во одбрана на својата држава. Во знак на сеќавање и благодарност, венци и цвеќе положија делегација на Владата предводена од министерот за правда Игор Филков и министерот за дигитализација Стефан Андоновски, претставници од Министерството за …
Continue Reading
Во пасат откриени десет мигранти на возраст од 15 до 39 години
Десет мигранти на возраст од 15 до 39 години, од кои девет од Египет и еден од Сирија, открила полицијата ноќеска во патничко возило „фоксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки. Како што соопшти МВР во дневниот билтен, возилото било забележано во 00:40 часот кај место викано „Раскрсница Ѓавато“ од полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ. „Откако ги …
Continue Reading
Пак горат огнови во државава, активни четири пожари
„На територијата на државата денеска до 13 часот имало вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири пожари и изгаснати четири пожари,“ информира Центарот за управување со кризи. Активни се пожарите во Национален парк Јасен во Општина Македонски Брод, каде гори мешана шума, потоа пожарот во село Рамановце во Општина Куманово, каде гори стрниште, пожарот на депонија …
Continue Reading
Полицијата уапси четворица возачи под дејство на алкохол
Полициски службеници од СВР Куманово денеска во 2:11 часот го лишиле од слобода С.П.(35) од Куманово. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „опел“, кое го управувал С.П., и при извршена контрола било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,58 промили алкохол во крвта. МВР информира дека на автопатот Скопје – Куманово, во …
Continue Reading
МВР го разреши началникот на Демир Хисар
Министерството за внатрешни работи информира дека Одделот за внатрешна контрола при МВР изврши проверка по објавено видео од претрес во Демир Хисар. Во текот на проверките е констатирано непрофесионално и неетично однесување на началник од ОВР Демир Хисар. За наведеното лице е покрената дисциплинска постапка, а со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, началникот ќе биде разрешен од функцијата. …
Continue Reading
На 12 и на 14 август ќе биде полагањето на двата екстерни испита од државната матура
Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не во целост, ќе се полагаат на 12 и на 14 август. Во вторник (12 август) ќе биде тестирањето по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, а два дена подоцна (14 август) е полагањето на изборниот екстерен испит (математика, …
Continue Reading