ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

Тимовите на Државниот пазарен инспекторат од денес на терен ги контролираат правните субјекти дали се придржуваат до одредбите на владината одлука со која ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10% во трговија на големо и 15% во трговија на мало, а која ќе важи од денес до 15 септември. „Согласно одредбите на Одлуката, правните …

Continue Reading

Петорката на Путин за Алјаска: Што открива составот на руската делегација?

Кремљ ги објави имињата на функционерите кои ќе го придружуваат претседателот Владимир Путин на претстојниот самит во Алјаска, прв ваков состанок од 2021 година. Составот на делегацијата дава јасен увид во можната агенда на состанокот со американскиот претседател, Доналд Трамп. Петчлената делегација ги вклучува помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за одбрана Андреј Белошов, …

Continue Reading

Олимписките објекти во Лос Анџелес ќе ги носат имињата на спонзорите

Организацискиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година објави дека арените во тој град ќе носат имиња на спонзори, што е прв пат во историјата на ова натпреварување. „Овие револуционерни спонзорства не само што ќе донесат значителни приходи за „ЛА28“, туку ќе воведат и нови деловни практики што ќе и користат на целата Олимписка акција“, …

Continue Reading

Мисајловски: Одбранбените капацитети на Армијата продолжуваат да се зголемуваат

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска беа промовирани новите 29 JLTV оклопни возила, со што бројот на овој тип на возила кои ги поседува Армијата се зголеми на 67. Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, истакна дека одбранбените капацитети на Армијата продолжуваат да се зголемуваат и зајакнуваат и дека во соработка со САД и програмите преку кои се вршат набавките …

Continue Reading

Манасиевски: СДС да каже што одработил Лазар Нанев во Судскиот совет за 120 илјади евра, кои му ги дале од „Еразмус +“

  СДС да каже што одработил Лазар Нанев во Судскиот совет за 120 илјади евра кои му ги дале од Еразмус +, Филипче ако заврши со пловењето може да даде одговор исто, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Лазар Нанев е втор член на Судскиот совет по Наќе Георгиев, кој е фатен во коруптивна практика. Јавноста заслужува да знае, …

Continue Reading

На аулција легендарното Дукати на Ники Хејден

На престижната аукција на „Сотбис“ во Монтереј овој викенд, ќе биде понуден „Дукати Десмоседичи ГП8“ од 2008 година, во специјална ливреја со мотиви од знамето на Соединетите Американски Држави, управуван од легендарниот Ники Хејден. Моторот, кој моментално е во „шоу мотор“ состојба би можел да се врати на патеката со соодветните делови. Тоа е уникатен примерок од инвентарот на моделите …

Continue Reading

Лефков: Како Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра?

  Kако Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра? СДС и Филипче должат одговори, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ,Миле Лефков. „Како Заев кој со години беше градоначалник, а потоа и премиер успеа со државната плата да ја купи луксузната јахта со која сега заедно со Венко Филипче плови по Егејското море? СДС и Венко Филипче мора да …

Continue Reading

Меџити најави зајакнат мониторинг на загадувањето со нова опрема и технологии

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, при посетата на Централната лабораторија на Министерството, истакна дека ќе се спроведува зајакнат мониторинг на загадувањето на воздухот со нова опрема и технологии. Лабораторијата е опремена со напреден инструмент ICP-MS во вредност од 160.000 евра, финансиран од УНОПС, кој ќе овозможи прецизна анализа на тешки метали во почва, …

Continue Reading

Мицкоски: Македонија е шеста држава во привлекување на странски инвестиции по БДП

Ќе бидам прецизен за да не бидам погрешно разбран, зборувавме дека сме четврта економија во Европа. За жал се уште постојат такви кои на брутален начин лешинарски се обидуваат да дефокусираат, многу јасно и прецизно рековме тогаш дека станува збор за четврти најголем раст на БДП во Европа. Така и ова ние сме шеста држава по бројот, обемот и волуменот …

Continue Reading