Полицијата во акција: сеф со пари исчезна во центарот на Скопје
Во Скопје, во временскиот период од 00:30 до 07:45 часот, било насилно влезено во угостителски објект на улицата Самоилова, при што бил одземен метален сеф со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Continue Reading
Заталкан куршум погоди „мерцедес“ во Чаир, возилото е оштетено
Четириесет и шестгодишен маж пријави дека на неговиот „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки му била оштетена хаубата од заталкано зрно од огнено оружје. Според информацијата од МВР, настанот се случил во скопската населба Чаир. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Жена нападната од сопругот во Аеродром
Во Скопје, 40-годишна жена пријави дека околу полноќ била физички нападната од својот сопруг, со кого е во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Continue Reading
Тинејџерки се однесувале агресивно со полицајци, приведени се во Ѓорче
Во 3 часот по полноќ на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници ги приведоа А.Ч.(18) и 16-годишна малолетничка, двете од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопшти МВР во дневниот полициски билтен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Пафос испратиле понуда до Кавани
Шампионот на Кипар, Пафос, ривали на Црвена звезда во плејофот за Лигата на шампионите, испратил понуда до Единсон Кавани. Според медиумите од Кипар, челниците на Пафос се во сериозни преговори со Единсон Кавани. Кипарците тврдат дека Пафос испратил конкретна понуда до Уругваецот, кој игра за Бока Јуниорс. Се додава дека 38-годишниот напаѓач наскоро би можел да испрати одговор. Теоретски, доколку …
Continue Reading
„Би-Би-Си“: Европа сака да покаже дека е клучна за договорот за Украина
И покрај неуспехот да се обезбеди прекин на огнот, Европа сега се обидува да му покаже на американскиот претседател Доналд Трамп дека е клучна за мировниот договор што тој го сака, пишува „Би-Би-Си“. Откако Вашингтон првично ја исклучи ЕУ од своите дипломатски напори, европските лидери сега ќе бидат претставени во поддршка на Володимир Зеленски на утрешниот состанок во Белата куќа. …
Continue Reading
(Видео) Зеленски пристигна во Брисел на средба со Урсула фон дер Лајен
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Брисел, каде што ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди неговиот портпарол. Таа претходно објави дека ќе им се придружи на Зеленски и на американскиот претседател Доналд Трамп на утрешната средба во Вашингтон. Zelensky has arrived in Brussels. He is scheduled to meet with European Commission President Ursula …
Continue Reading
Кузеска: Властa ја пропушти шансата за фер изборен законик
Жалиме што власта ја пропушти шансата да се обезбеди изборна рамка која е фер, праведна и прифатлива за сите, изјави портпароката на СДСМ, Богданка Кузеска за изборниот законик. „Пред ЗКП направивме координација и сите партии освен ДУИ поддржаа 0,5 за независните. Се ризикува изборите да се претворат во хаос. Мора многу внимателно да се разгледаат сите правни аспекти. Жалиме што …
Continue Reading
Вучиќ: Прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат; за 3-4 дена изненадувачки одлуки, ќе го победиме злото
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати нацијата поради протестите и насилствата на улиците. Тој предупреди дека „прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат“, оценувајќи дека „банда владее по улиците“ и државата ќе одговори. Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилства во Валево, Белград и Нови Сад, вклучително и палења и напади врз простории на политички партии и полицијата. …
Continue Reading