Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Continue Reading

Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возтасѕ пд 18 до 56 години. По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје. Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а …

Continue Reading

Сопруга на затвореник од Идризово се обидела да пренесе забранети предмети

Претрес на пакет за осуденикот Е.А. (38) од Скопје откри мобилен телефон. Настанот се случил во затворот во Идризово, а пакетот бил донесен од неговата сопруга. Исто така, велат од МВР, таа се обидела да пренесе и марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Полицијата во акција: сеф со пари исчезна во центарот на Скопје

Во Скопје, во временскиот период од 00:30 до 07:45 часот, било насилно влезено во угостителски објект на улицата Самоилова, при што бил одземен метален сеф со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.

Continue Reading

Заталкан куршум погоди „мерцедес“ во Чаир, возилото е оштетено

Четириесет и шестгодишен маж пријави дека на неговиот „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки му била оштетена хаубата од заталкано зрно од огнено оружје. Според информацијата од МВР, настанот се случил во скопската населба Чаир. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Жена нападната од сопругот во Аеродром

Во Скопје, 40-годишна жена пријави дека околу полноќ била физички нападната од својот сопруг, со кого е во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Continue Reading

Тинејџерки се однесувале агресивно со полицајци, приведени се во Ѓорче

Во 3 часот по полноќ на подрачјето на Ѓорче Петров полициски службеници ги приведоа А.Ч.(18) и 16-годишна малолетничка, двете од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопшти МВР во дневниот полициски билтен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Пафос испратиле понуда до Кавани

Шампионот на Кипар, Пафос, ривали на Црвена звезда во плејофот за Лигата на шампионите, испратил понуда до Единсон Кавани. Според медиумите од Кипар, челниците на Пафос се во сериозни преговори со Единсон Кавани. Кипарците тврдат дека Пафос испратил конкретна понуда до Уругваецот, кој игра за Бока Јуниорс. Се додава дека 38-годишниот напаѓач наскоро би можел да испрати одговор. Теоретски, доколку …

Continue Reading

„Би-Би-Си“: Европа сака да покаже дека е клучна за договорот за Украина

И покрај неуспехот да се обезбеди прекин на огнот, Европа сега се обидува да му покаже на американскиот претседател Доналд Трамп дека е клучна за мировниот договор што тој го сака, пишува „Би-Би-Си“. Откако Вашингтон првично ја исклучи ЕУ од своите дипломатски напори, европските лидери сега ќе бидат претставени во поддршка на Володимир Зеленски на утрешниот состанок во Белата куќа. …

Continue Reading