Тешко повреден патник во автобус на ЈСП

Вчера во 10:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, во автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(57) од Скопје, паднал патникот Љ.Ш.(64) од Скопје. Според информациите на МВР, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Димоски го потпиша договор со ТСЦ

Фудбалскиот клуб ТСЦ го официјализира трансферот на репрезентативецот на Македонија, Бојан Димоски, објави клубот од Бачка Топола. Димоски (23) пристигна во ТСЦ од Акрон од Тољати. Вториот дел од минатата сезона го помина како позајмен во Партизан, а за „црно-белите“ одигра само четири натпревари. Кариерата ја започна во младинските категории на Тетекс, а потоа играше за Вардар, за кој дебитираше …

Continue Reading

Претседателката со остри критики: По толку бели линии апсурдно е да се зборува за црвени линии, ние и референдумски резултат не почитувавме

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вели дека не го разбира предлогот на СДСМ за изготвување резолуција со црвени линии. Таа додава дека Собранието до сега донело повеќе декларации кои не биле почитувани. Ваквата изјава доаѓа по најавата на опозициската СДСМ дека ќе изготви предлог резолуција за евроинтегративните процеси на земјата за поставување на црвени линии, а ќе се однесува и …

Continue Reading

Мерц: Путин е најголемиот воен злосторник на нашето време

Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировните преговори за Украина треба да се игнорираат, откако Мерц рече дека Владимир Путин е „можеби најсериозниот воен злосторник на нашето време“. Во интервју емитувано вчера, Мерц нагласи дека „нема простор за попустливост“ за таквите луѓе. Русија ги отфрла сите обвинувања дека нејзините сили извршиле воени злосторства во Украина …

Continue Reading

Шји Џинпинг: Кина стои непоколебливо на вистинската страна на историјата

Кинескиот претседател Шји Џинпинг во говорот на собирот по повод годишнината од Втората светска војна рече дека денес човештвото повторно е предизвикано помеѓу мир и војна, дијалог и конфронтација. „Кинескиот народ стои непоколебливо на вистинската страна на историјата, на страната на цивилизацијата и напредокот на човештвото, решително чекори по патот на мирен развој и работи заедно со остатокот од светот …

Continue Reading

На 26-годишнината од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG, Мисајловски укажа на нејзиното значење за регионалната безбедност

Денеска (3 септември) во касарната „Боро Менков“ – Куманово со свечена церемонија се одбележаа 26 години од формирањето на мултинационалната бригада SEEBRIG како дел од Процесот на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа (SEDM) – две клучни иницијативи кои го зацврстуваат регионалниот одбранбен дијалог и безбедносната соработка во Југоисточна Европа. Министерот за одбрана Владо Мисајловски во своето обраќање …

Continue Reading

Министрите за спорт од Србија и Црна Гора дел од Првиот Регионален Спортски Самит во Скопје

Под покровителство на Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, а во организација на Why Not Group, на 10 септември 2025 година, во DoubleTree by Hilton Skopje, ќе се одржи Првиот Регионален Спортски Самит – Скопје 2025. Овој исклучително важен настан ќе ги обедини највисоките носители на спортските политики од регионот, вклучувајќи ги и министрите за спорт од Република Србија …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за прислушкување на Мицкоски, новинари и бизнисмени

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, Мицкоски бил следен пет години. „СДС сакале низ прислушкување и следење на претседателот Мицкоски, како и на други јавни личности, новинари и бизнисмени да се одржат што подолг период на власт, да го …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.   „Oсобено по контрадикторните изјави на Мицкоски и Христовски. Мицкоски вели едно, дека наводно бил прислушуван, а директорот на АНБ го демантира и вели друго: дека станува збор за „прибирање информации за …

Continue Reading