Почна реконструкцијата и изградбата на шест спортски терени во Гостивар

Општина Гостивар започна со реконструкција и изградба на 6 спортски терени, од кои 4 се спортски терени, еден парк со спортски терен и едно спортско игралиште, на различни населени места во градот. Од нив, 3 постоечки терени ќе бидат реновирани и опремени со модерна опрема и тартан подлога, додека 3 нови терени ќе се изградат од почеток, според најсовремените стандарди …

Continue Reading

(Видео) Трамп за откажувањето на емисијата на Џими Кимел: Тој кажа ужасна работа за Кирк

Џими Кимел беше отпуштен затоа што имаше лоша гледаност, повеќе од сè. Тој кажа ужасна работа за еден голем господин, Чарли Кирк. Џими Кимел не е талентирана личност… и требаше да биде отпуштен одамна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп за Fox News, коментирајќи го откажувањето на емисијата на познатиот водител од страна на ABC. .@POTUS: “@jimmykimmel was fired because he …

Continue Reading

(Видео) Полицаец во Франција со клоци нападна учесничка на протестите

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како полицаец удира учесничка на протестите во Марсеј, Франција, при што таа паѓа на земја. „Ле Паризиен“ објавува дека полицаецот на видеото вели: „Губи се од тука“, пред еден од неговите колеги да ја турне на земја. 🚨ALERTE INFO Une manifestante se fait frapper au sol par un CRS à …

Continue Reading

Уапсени 140 демонстранти, повредени осум полицајци

Според најновиот извештај на француското Министерство за внатрешни работи, 140 лица се уапсени низ целата земја, од кои 75 се приведени, вклучувајќи 16 во Париз. Повредени се и осум полицајци, објавува „Ле Паризиен“. Студентскиот сојуз објави дека повеќе од 110.000 млади луѓе учествуваат во денешниот штрајк. Според „Ле Паризиен“, утрово беа блокирани 14 универзитети, а масовни мобилизации беа проследени од …

Continue Reading

19-20 септември: 2. издание на Мултимедијалниот фестивал „АРТ УМ“

Утре и задутре (19 и 20 септември 2025 година), следува второто издание на „АРТ УМ“ Мултимедијален фестивал, во организација на ЗГ „АРТ УМ 023“- Гевгелија. Фестивалот е дел од програмата „Гевгелија град на култура за 2025 година“ и ќе понуди уникатни едукативни содржини, креативни работилници, изложби и спектакуларни настапи на светски познати диџеи и уметници. Програмата за првиот ден е …

Continue Reading

Уапсени четири лица, украле биста од Градските гробишта во Бутел

Четири лица од Скопје се уапсени, биле фатени веднаш откако украле бронзена биста од гробиштата во Бутел. Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот на Градските гробишта Бутел, полициски службеници ги уапсиле О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје. Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена …

Continue Reading

САД на опасна крстосница по убиството на Чарли Кирк

Бруталниот случај на убиството на Чарли Кирк го доведе американското општество на „опасна крстосница“, оценува дописничката на Би-би-си, која предупредува дека подлабокото политичко расцепкување и порастот на насилството тешко ќе се надминат. Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, повика на затоплување на тонот и помирување, но многумина соговорници на Би-Би-Си сметаат дека тоа е малку веројатно во блиска иднина. Анализата посочува …

Continue Reading

Злоупотреби со регистрација на половни возила: 11 осомничени, меѓу нив и вработена во МВР

Секторот за внатрешни работи Куманово, во соработка со Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при МВР, поднесе кривични пријави против 11 лица поради повеќе кривични дела поврзани со плаќање давачки за увоз и регистрација на половни моторни возила. Меѓу пријавените е и 43-годишна вработена во МВР – Одделение за управни работи Куманово, осомничена за „злоупотреба на службена положба и …

Continue Reading

Жена од кочанско измамена за 4.000 евра со лажни ветувања за пензија

61-годишна жена од кочанско пријавила дека била измамена од 59-годишниот П.Г. од истиот регион за сума од 4.000 евра. Според пријавата, во октомври 2020 година тој ѝ ветил дека со пријатели од Скопје ќе ѝ овозможи да добие пензија. Жената во декември 2023 година му ги предала парите, по што до крајот на 2024 година имале повремени контакти, но потоа …

Continue Reading