Скопјанка го пријавила својот брат поради психичко вознемирување, веќе му било забрането да и’ се приближува

Во СВР Скопје на 17 септември околу 20 часот, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот брат Д.М. (46) подолг период ја вознемирувал психички и ѝ упатувал закани. Според пријавата, против него веќе била изречена мерка за забрана за доближување. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Касами: Тетово ќе биде пример за соживот и меѓуетничка хармонија

Во Општина Тетово денеска се одржа седница на Општинскиот совет за превенција, на која беа избрани членовите на Локалниот совет за превенција. На овој состанок присуствуваа претставници од државните институции, верските заедници и други релевантни организации. Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, во своето обраќање потенцира дека овој совет е клучен за превенција на појави кои ја загрозуваат општествената кохезија. …

Continue Reading

Инцидент кај Петровец – нападнато возило на пожарникари, напаѓачот им се заканувал

Во полицијата било пријавено дека вчера кај наплатната рампа Петровец, лице упатувало закани кон пожарникари кои се движеле со службено возило, а потоа со физичка сила го оштетило возилото. Пријавата ја поднел 28-годишниот С.Г. од Скопје, кој заедно со колегите пожарникари бил во возилото во моментот на инцидентот. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

(Видео) Хаос и судири: Илјадници на улиците, Франција блокирана од протести

Ширум Франција денеска се одржува масовен меѓусиндикален штрајк, со протести на над 250 локации и учество на стотици илјади граѓани. Властите проценуваат дека на улиците би можеле да излезат меѓу 600.000 и 900.000 луѓе. Штрајкот предизвика сериозни прекини во сообраќајот, здравството и образованието. Блокирани се десетици училишта, а во Лион и Нант дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите, при …

Continue Reading

(Видео) Негодувања по говорот на Трамп на кралската вечера

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центар на вниманието поради говорот што го одржа на свечената државна вечера во замокот Виндзор, како дел од неговата официјална посета на Обединетото Кралство. Дел од јавноста неговите изјави ги оцени како несоодветни, а на социјалните мрежи беше наречен „национална срамота“. Трамп изјави дека е „првиот американски претседател кој бил пречекан“ на …

Continue Reading

Кејт и Меланија по свечениот банкет на опуштено дружење во Виндзор

По синоќешниот раскошен државен банкет, принцезата од Велс, Кејт (43), и првата дама на САД, Меланија Трамп (55), утрово се појавија во многу поопуштено издание на дружење со најмладите извидници во градините на Фрогмор во Виндзор. Двете им се придружија на дваесетина деца на активности во природа – градба на „хотели за инсекти“, игра со лисја и заеднички ручек. Кејт …

Continue Reading

Откриј ја „Ноксиа“ – аудио-визуелна магија оваа сабота во Аеродром

Во сабота (20.09.2025) со почеток од 20 часот ќе биде поставена аудио-визуелната инсталација „Ноксиа“ во надворешниот простор на локалот Books&Dogs Café во Аеродром. Проектот интегрира транс-медиуми кои со поврзување на алатките на генеративната вештачка интелигенција прикажува комуникациски можности и дисфункционалности. Дигиталнaта комуникација со виртуелните соговорници е функционално истражување на аудио-визуелната инсталација која поврзува уметничко видео, звучен дизајн, актерска игра и …

Continue Reading

(Видео) Нов скопски саем во Бутел и голем парк покрај него е првото ветување на скопјани од Мециновиќ

Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на партијата Левица, преку социјалните мрежи најави изградба на нов скопски саем во северниот дел на градот, во Општина Бутел, покрај обиколницата и булеварот Христјан Тодоровски Карпош. „Скопје го загуби саемот поради сите претходни власти кои не успеаја да ги зачуваат и надоградат капацитетите за новите генерации. Наместо тоа, денес тој …

Continue Reading

Татко од забава зел детектор за метал, неколку часа подоцна пронашол вистинско богатство

Британец стана локална сензација, откако вторпат во животот зел во раце детектор за метал и пронашол артефакт со непроценлива историска вредност. Неговата приказна беше објавена на „Редит“, каде што привлече големо внимание, пренесува „Мирор“. Човекот купил детектор затоа што сакал ново хоби. Прво успеал да пронајде монета од 1904 година, не насетувајќи што уште го очекува. Додека пребарувал една парцела, …

Continue Reading