Главниот осомничен во случајот Медлин Мекен откри каде бил ноќта кога исчезнала

Главниот осомничен во истрагата за исчезнувањето на Медлин Мекен тврди дека ноќта кога исчезнала бил на околу 140 метри од апартманот во кој тригодишното девојче престојувало со семејството во португалското летувалиште Праја да Луз, јавува британски „Телеграф“. Кристијан Брикнер, осудуван за силување и сексуална злоупотреба на деца, изјавил дека продавал дрога на плажа во близина на местото каде што престојувало …

Continue Reading

Мерц по поразот: Сите сме загрижени за иднината на Германија, реформите се средство против авторитарниот отров

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ѝ се обрати на јавноста откако пристигнаа првите резултати од покраинските избори во Германија. Обраќањето на Мерц доаѓа во момент на голем политички притисок врз канцеларот и неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ). Партијата пред две недели претрпе тежок пораз на изборите во Саксонија-Анхалт, каде што АфД освои речиси 44 отсто од гласовите, додека ЦДУ падна на околу …

Continue Reading

Нова победа за АфД на покраинските избори во Германија, Мерц го нарече резултатот катастрофа

Алтернатива за Германија (АфД) освои најмногу гласови на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, покажуваат излезните анкети, додека на изборите во Берлин на првото место е Левица. Канцеларот Фридрих Мерц резултатот на неговата ЦДУ во Мекленбург-Западна Померанија го нарече „катастрофа“. Според излезната анкета на јавниот сервис АРД, АфД во Мекленбург-Западна Померанија освоила 37 отсто од гласовите, пред Социјалдемократската партија (СПД) со …

Continue Reading

„Го загубивме натпреварот поради пријателот на Ламин Јамал“

Реал Мадрид го загуби градското дерби против Атлетико (2:1) и веднаш по натпреварот, беше клупската телевизија започна со напади врз судијата Мигел Ортиз, Барселона, со обвинувања за корупција. Вториот пораз на Реал оваа сезона дојде на стадионот „Метрополитано“ против Атлетико. Мадридското дерби заврши со победа од 2:1 за домашниот тим со бројни интересни судиски одлуки. Како што се очекуваше, судијата …

Continue Reading

Кристијан Бајовски и официјално е Гинисов рекордер: 1.257 склекови за еден час

Македонецот Кристијан Бајовски и официјално е Гинисов рекордер, откако Guinness World Records го верификуваше неговиот подвиг од 28 јуни годинава, кога направи 1.257 склекови за еден час, со гради до под и ранец тежок околу десет килограми. Бајовски го постигна резултатот на 28 јуни 2026 година, но официјалната потврда од Guinness World Records пристигна подоцна, по процесот на верификација на …

Continue Reading

Педро Акоста пресреќен по својата прва победа во кралската класа: Ова е добар начин да се затвори кругот со КТМ

Педро Акоста ја опиша својата прва победа во шампионатот во Мото ГП како „убав начин да се затвори кругот со КТМ“, бидејќи ќе го напушти австрискиот тим на крајот од сезоната. Шпанецот ја помина целата своја кариера во КТМ. Во својата дебитантска сезона во 2021 година, ја освои титулата во класата Мото 3, а потоа помина две години во категоријата …

Continue Reading

(Видео) Мадрид обоен во црвено-бело, Атлетико го победи Реал

Непромисленоста на Дин Хаузен го одлучи „Мадрилењо“, Атлетико го победи Реал со 2:1 (0:0) на „Метрополитено“ во 179-та првенствена пресметка. Головите за тимот на Диего Симеоне ги постигнаа Грималдо во 53-та минута од пенал и Џонатан Давид шест минути подоцна, додека Антонио Ридигер во 89-та минута само го ублажи поразот на бледиот Реал. По една длабока топка, Хаусен го собори …

Continue Reading

(Видео) Лефков поднесува кривична пријава против Јон Фрчковски: „Никогаш не сум користел наркотици и тоа е факт“

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, најави дека по електронски пат и преку архива ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОГ) против Јон Фрчковски од СДСМ и други непознати лица. Ова е продолжение на јавната преписка меѓу Јон Фрчковски од СДСМ и пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ, која почна …

Continue Reading

Трагедија на плажа во Грција: Се степале поради лежалка, 82-годишник почина

Неверојатна трагедија се случила рано утрово на плажа во Вулијагмени во Грција, каде што 82-годишен маж починал од срцев застој по расправија со друг капач, а причина за конфликтот била лежалка. Како што објавува „Прототема“, сè се случило нешто по 9 часот наутро, кога 82-годишникот пристигнал на плажата со сопругата, по што двајцата се сместиле на лежалки. Нешто подоцна на …

Continue Reading