Санкции за „Роснефт“ и „Лукоил“ – САД и Британија обединети против руската нафта
Американското Министерство за финансии воведе нов пакет санкции против две најголеми руски нафтени компании – „Роснефт“ и „Лукоил“, со цел да изврши притисок врз Москва да прифати мировни преговори за Украина. Министерот за финансии Скот Бесент изјави дека санкциите се наметнати бидејќи Путин одбива да ја прекине бесмислената војна, додека претседателот Доналд Трамп ги нарече мерките огромни и порача дека …
Continue Reading
Грција воведува социјални станови за справување со станбената криза
Грчката влада најави две нови мерки за ублажување на една од најтешките станбени кризи во Европа — воведување социјален наем и социјални станови. Министерката за социјална кохезија и семејство Домна Михаилиду изјави дека проектите ќе се базираат на користење на запуштени државни имоти, меѓу кои и поранешни воени кампови во Атина, Солун и Патра, каде ќе се изградат 1.500–1.700 станови …
Continue Reading
Времето денес променливо облачно, во следните денови дожд, најавува УХМР
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена, јавува УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви …
Continue Reading
Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба
Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите граѓани. Денот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. На 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на …
Continue Reading
Меџити: Ова е чиста победа, изградена со доверба и љубов кон Чаир
Синоќа во општина Чаир Изет Меџити и неговиот тим ја прославија победата на локалните избори. Меџити им се заблагодари на партиските структури, активистите и граѓаните кои стоеле покрај него во текот на целата кампања. „Победата што ја постигнавме не е случајност, туку резултат на работа, посветеност и доверба што ја изградивме заедно. Тоа е победа на нашата структура и активистите, …
Continue Reading
(Видео) Реал го победи Јувентус, Ливерпул ја прекина црната серија, Баерн лансираше ново тинејџерско чудо
Комплетирано е третото коло во Лигата на шампионите. Максимален учинок досега имаат само шампион Пари Сен Жермен, финалистот од минатата сезона Интер, водечкиот тим во Премиер лигата, Арсенал, односно Баерн Минхен и Реал Мадрид. Дербито се одигра на „Сантијаго Бернабу“ во Мадрид. Реал го пречека Јувентус и славеше со 1:0 со голот на Белингем во 57-та минута. Реал доминираше, создаваше …
Continue Reading
Стармер: Балканот е европско искушение
Британскиот премиер Кир Стармер (Кир) го опиша Западен Балкан како европски „казан“, отворајќи го денес самитот со лидерите во Лондон, кој е главно фокусиран на решавање на предизвикот со миграцијата, објави Радио Слободна Европа (RSE). Премиерот е домаќин на лидерите на шесторката од Западен Балкан – Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, додека Велика Британија …
Continue Reading
Захарова го нарече полскиот министер за надворешни работи „Осама бин Сикорски“
Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, го нарече полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски „Осама бин Сикорски“ по неговиот повик до Киев да изврши терористички напад врз нафтоводот „Дружба“, кој ги снабдува Унгарија и Словачка со руска нафта, објавува Спутник. „Полскиот министер за надворешни работи Сикорски, одговарајќи на унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, изрази …
Continue Reading
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА
Со свечена академија, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше одбележан 23 октомври – Денот на Македонската револуцинерна борба. Пред бројните граѓани и гости свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. – Македонската револуционерна борба е нашето вкоренето чувство за слобода, достоинство и национална припадност. Таа претставува долг и славен процес, исполнет со храброст, жртва и огромна …
Continue Reading