Многу топло време до крајот на следната седмица, УХМР најавува температури над 40°C
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. „Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот …
Continue Reading
По убод од крлеж во Грција поминала шест недели во кома, денес живее со трајни последици
Педесет и едногодишната Викторија Стелас од Велс секојдневно се соочува со губење на меморијата и епилептични напади, откако по убод од крлеж за време на летување во Грција во 2019 година развила крлежен менингоенцефалитис (КМЕ) – сериозна вирусна инфекција што предизвикува воспаление на мозокот. По враќањето од грчкиот остров Сирос, кај неа најпрво се појавиле симптоми слични на грип, а …
Continue Reading
Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
Владата продолжува со политиките за обезбедување достоинствени услови за живот на граѓаните од ранливите категории. Денеска во Дебар беа распределени 47 социјални станови на семејства и лица кои имаат најголема потреба од институционална поддршка. На настанот присуствуваа претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на АД за стопанисување со станбен и …
Continue Reading
Хоџа: Завршен проектот на Дижонска 15, МЖСПП продолжува со инвестиции во водоводната и канализациската инфраструктура во Чаир
Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик Коница (поранешна Дижонска 15) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари. На теренскиот увид по повод завршувањето на проектот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот …
Continue Reading
Претседателката Сиљановска – Давкова се сретна со српскиот премиер Мацут
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во вила „Билјана“ во Охрид оствари средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут. „ Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран …
Continue Reading
(Видео) Ѓорѓиевски: Градскиот парк го враќа својот сјај
Екипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите. Интензивно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде што се отстрануваат последиците од невремето, се …
Continue Reading
Министерство за здравство: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна
Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира Министерството за здравство. Според податоците на Министерството, на 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, надлежните посочуваат дека вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со периодот на најголем број случаи. Најголемиот број прегледи е регистриран на 18 …
Continue Reading
(Видео) Конески: УМС доби нов Извршен комитет, ќе бидеме посветени на креирање нови иницијативи и политики за младите
Одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти е значаен чекор кон создавање посилно, поквалитетно и подостапно јавно здравство, но и порака дека младите лекари се потребни, вреднувани и имаат своја перспектива во Република Македонија, кажа денеска на прес-конференција, Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. „Со оваа мерка, до крајот на 2026 година, уште 300 млади лекари ќе добијат …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски очекува проширување на истрагата за водата во Гостивар
Во Гостивар продолжува процесот на хиперхлорирање на водата, а премиерот Христијан Мицкоски очекува наскоро граѓаните да добијат вода која ќе може да се користи и за пиење и готвење. „Во моментот се случува процес на хиперхлорирање којшто го вршат експерти од Јавното претпријатие Водовод Скопје. Секој ден се земаат различни примероци, се испитуваат и веќе можам да кажам дека одиме …
Continue Reading