Вучиќ: Влеговме во изборна година, можеби покрај парламентарните ќе имаме и претседателски избори
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија „влезе во изборна година“ и дека единственото прашање е дали претседателските избори ќе се одржат покрај парламентарните избори. Тој додаде дека сè уште нема вести од САД во врска со српската нафтена индустрија и дека утре ќе биде организиран „голем состанок“ по овој повод. Тој рече дека Србија се соочува со тежок …
Continue Reading
Трамп до Мадуро: Мора да ја напуштите земјата
Претседателот на САД, Доналд Трамп, наводно му поставил ултиматум на венецуелскиот претседател Николас Мадуро веднаш да се откаже од власта, но Мадуро одбил, барајќи „глобална амнестија“ за себе и неговите сојузници, објави денес „Мајами Хералд“, повикувајќи се на неименувани извори. „Можете да се спасите себеси и вашите најблиски, но мора да ја напуштите земјата сега“, наводно му рекол Трамп на …
Continue Reading
Во наредните денови претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. …
Continue Reading
Скандалот со 9 милиони евра e само капка во криминалниот океан на Мицкоски и ДПМНЕ, велат од СДСМ
Скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ. „Криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта. Тоа е моделот на Груевски кој јавноста …
Continue Reading
Филипче – Костреш: продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија. На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти. „Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни приоритети: интеграцијата на …
Continue Reading
13 лица уапсени во врска со смртоносниот пожар во Хонг Конг
Полицијата во Хонг Конг уапси 13 лица како дел од истрагата за пожар во станбен комплекс во кој загинаа најмалку 151 лице, објави кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“, повикувајќи се на локалните власти. Во извештајот се наведува дека седум од 20 примероци од материјалот на зградата, кои беа собрани од изгорените облакодери, не ги исполнуваа стандардите за отпорност на пожар. …
Continue Reading
Тошковски: Започна пробниот период на системот „Безбеден град“, прекршоците автоматски се бележат, сопствениците добиваат известување
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок. Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за …
Continue Reading
Полициски службеници од Охрид на средба со претставници од Здружението на пензионери
На иницијатива на СВР Охрид, денеска се одржа работна средба помеѓу полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид и претставници од Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Целта на средбата беше размена на информации и координација околу повторните телефонски измами на претежно повозрасни лица за наводно случени сообраќајни незгоди. Притоа, полициските службеници укажаа на потребата, Здружението низ …
Continue Reading
Општина Кисела Вода со јавен повик до жителите: активно да се вклучат во креирање буџетот за 2026 година
Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите свои жители, граѓански организации, здруженија, деловни субјекти од овој дел на градот, активно да се вклучат во процесот на креирање на Буџетот за 2026 година. Со оваа иницијатива, општината како што велат од таму, уште еднаш ја потврдува заложбата за транспарентно и отчетно управување, во кое реалните потреби на граѓаните се основа …
Continue Reading