Продолжува повратот на средствата од мерката МојДДВ за скенирани сметки, соопшти Управата за јавни приходи
Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно не е прекинат ниту откажан. „Во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појави технички проблем кој бара целосна преработка на истите. Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена …
Continue Reading
3 декември: Изложба на дела од колекцијата на Национална галерија на РМ „Жанр сцени“ во Гевгелија
Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, Општина Гевгелија во соработка со ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија и НУ Музеј- Гевгелија ја најавуваат изложбата „Жанр сцени“- избор од богата и вредна колекција на Националната галерија на Република Македонија. Настанот претставува ретка можност гевгелиската јавност да види дела што инаку се чуваат во депоата на Националната …
Continue Reading
Строги правила и јасни процедури: Министерството за енергетика започна процес за усогласување на Законот за возила со европските правила
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини стартува процес за усогласување на Законот за возила со европската регулатива ЕУ 2018/858 и современите стандарди во постапките за одобрување, увоз и надзор на возилата. Со цел добивање јасни насоки за усогласување на Законот за возила, работниот состанок го водеше Роберт Јерончиќ, реномиран експерт од Република Словенија со долгодишно искуство во развој и …
Continue Reading
Минск го обвинува Вилнус за „намерна провокација“ по прелетувањето на дронот
Белоруското Министерство за надворешни работи денес го повика литванскиот вршител на должноста амбасадор во таа земја, Ерикас Вилканецкас, и поднесе протестна нота откако дронот полета од Литванија, прелета над Белорусија и Полска и се врати во Литванија. Во соопштението на Министерството се наведува дека Минск ги смета ваквите дејствија за намерна провокација, не само против Белорусија, туку и против Полска, …
Continue Reading
Анчелоти: Естевао ќе игра за Бразил на Светското првенство
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека играчот на Челзи, Естевао, ќе игра за Бразил на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико во 2026 година. Естевао (18) пристигна во Челзи од Палмеирас во јуни оваа година за 29 милиони фунти. Младиот бразилски фудбалер одигра 18 натпревари за Челзи оваа сезона и постигна пет гола. „Мислам …
Continue Reading
Владата и СЗО потпишаа петгодишна Стратегија за соработка во областа на здравството
Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и Аким Али, шеф на Канцеларијата на СЗО во нашата држава, денес потпишаа петгодишна Стратегија за соработка меѓу Владата и СЗО 2026–2030 година. На настанот со онлајн вклучување се обрати и директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге. -Денешниот ден отвора ново поглавје во соработката со …
Continue Reading
Земјоделците и денес ги блокираа патиштата во Грција, протестите се шират во земјата
Протестите на незадоволните грчки земјоделци поради доцнењето на исплатата на субвенциите од Европската Унија денес се проширија во областа на Солун, каде што колони од трактори стигнаа до наплатната рампа Малгара и го блокираа сообраќајот на националниот автопат кон Атина. Припадници на полицијата првично го затворија пристапот до автопатот кај кружницата Малгара и не дозволија трактори да поминат, но подоцна …
Continue Reading
Зеленски по состаноците на Флорида: Тешките прашања остануваат нерешени
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денес изјави дека по американско-украинските разговори во Флорида, некои тешки прашања сè уште треба да се решат. Тој соопшти дека сега заминува за Европа за да ја обезбеди поддршката од сојузниците, додека претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп треба да отпатува во Москва и да го информира Кремљ за резултатите од преговорите. Интензивната дипломатија продолжи во …
Continue Reading
ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ДВА ВАЖНИ ПРОЕКТИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА
На пригоден настан кој се одржа денеска во Охрид, официјално започна реализацијата на проектите „Волонтери во акција за безбедност на граѓаните и заштита на природата“ и „Крушево и Елбасан – Патување во природа и авантура“, финансирани од Европската Унија преку ИПА 3 програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. Во своето обраќање пред присутните, градоначалникот Кирил Пецаков ја истакна важноста …
Continue Reading