Песков: Поскапата енергија ќе го забрза падот на конкурентноста на Европската Унија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека транзицијата на Европа кон поскапи извори на енергија наместо руски гас ќе го забрза губењето на нејзиниот економски потенцијал и ќе доведе до пад на конкурентноста на Европската Унија. „На овој начин, Европа се осудува на значително поскапи извори на енергија, што неизбежно ќе има последици за европската економија и ќе доведе …

Continue Reading

Димитровски: ЦЕФТА не е само регионален трговски механизам, туку наша практична подготовка за членство во Европската Унија

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, учествуваше на ЦЕФТА неделата 2025, што се одржа во Приштина, Косово. Настанот, организиран од актуелното косовско претседателство со ЦЕФТА, беше фокусиран на унапредување на конкурентноста, дигиталната трансформација и на постепената интеграција на регионот во Европската Унија. Во своето обраќање, Димитровски, нагласи дека од декември минатата година, Министерството за надворешни работи и …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Обвинителството да постапи за скандалот од 9 милиони евра

Бараме Јавното обвинителство да постапи за големиот корупциски скандал со тендери од речиси 9 милиони евра, доделени на фирма со само двајца вработени, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Јавно и детално, пред граѓаните, со факти и докази веќе ја презентиравме целата корупциска шема. Сите докази се јавно достапни, објавени, проверливи и повеќе од доволни за старт на истрага. Поднесовме и …

Continue Reading

Во прекин сообраќајот на ГП Богородица од грчка страна поради штрајк на земјоделците

Од 11:15 часот сообраќајот на ГП Богородица (од Грчка страна) е во прекин (блокиран) за секаков вид на возила поради штрајк на земјоделци, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае …

Continue Reading

„Време е да ги почитуваме разликите, наместо да ги негираме“: Сиљановска-Давкова на Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Претседателкатa Гордана Сиљановска Давкова се обрати на настанот „Аbility awards“, што во пресрет на 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одржа во организација на платформата „Абилитист“ којашто се бори за инклузија на овие наши граѓани. Според претседателката, надминувањето на предизвиците е заедничка должност и одговорност да се гради општество во кое достоинствениот живот не е само …

Continue Reading

Фон дер Лајен: Влегуваме во ера на целосна енергетска независност на Европа од Русија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека денес Европа влегува во ера на целосна енергетска независност од Русија, откако Европејците постигнаа договор за прекин на увозот на руски гас до есента 2027 година. „Денес е историски ден за Унијата. Синоќа постигнавме принципиелен договор за предлогот на Комисијата за постепено укинување на руските фосилни горива. Вртиме нова …

Continue Reading

Со два филма на репертоар, вечерва започнува 24. „Синедејс“

Со добитникот на Златаната палма на Канскиот фестивал „Тоа беше само несреќа“ во режија на Џафар Панахи и биографискиот документарец „Човек лавина“ за Драгољуб Ѓуриќиќ, првиот тапанар на Леб и сол во режија на Слободанка Радун, вечерва се отвара 24. Фестивал на европски филм „Синедејс“. „Многу вешто го создадовме ова издание на фестивалот, кое ќе нé однесе на платно пред …

Continue Reading

Осигурителни компании склучиле картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилско осигурување

Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930 денари затоа што се договориле да ја зголемат цената за автомобилска одговорност што секој сопственик на моторно возило задолжително мора да ја плати при регистрирање на возилото, соопшти Комисијата за заштита на конкуренцијата. „Комисијата за заштита на конкуренцијата донесе решение со кое утврди постоење на усогласено однесување (картел) помеѓу десет осигурителни компании (ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ …

Continue Reading

Руте: Разговорите во Москва се клучен чекор кон завршување на украинскиот конфликт

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека разговорите одржани во Москва меѓу специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и рускиот претседател Владимир Путин биле „важен чекор“ во напорите за наоѓање решение за конфликтот во Украина. Како што објавија западните медиуми, Руте нагласи дека ќе следат „следни чекори“, но не сакаше да ја открие нивната содржина. „Тесно се координираме …

Continue Reading