(Видео) Филипче: Посебна Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите
Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да се дискутира за сите трагедии во минатото, меѓутоа сметам дека имаме обврска да организираме и посебна Анкетна комисија само за трагедијата во Кочани, истакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Мора да имаме одговорност пред општеството, пред државата. Тоа е пред …
Continue Reading
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала неговата тетка
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото. Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Continue Reading
Со багер ископал коски кои наликувале на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки. Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.
Continue Reading
Струмичани ограбиле 82-годишно лице: му побарале пари па отако виделе дека има поголема сума, го нападнале
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Х.(31) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Ф.М.(22) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство’’ во врска со ,,разбојништво“. На 31.10.2025 во Струмица, второпријавената побарала пари од 82-годишно лице, кое и дало 100 денари, а откако видела дека носи поголема сума …
Continue Reading
Aлиу на меѓународниот ден на лицата со попреченост: Здравствениот систем мора да ја препознае секоја рана потешкотија во развојот
Министерот за здравство, Азир Алиу, денес во Влада присуствуваше на одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани и Армен Григорјан, в.д. постојан координатор на ООН. -Заедно со Министерството за социјална политика, демографија и млади активно и Министерството за образование …
Continue Reading
Откажана е средбата на Зеленски, Виткоф и Кушнер
Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американската делегација, во која се вклучени специјалниот претставник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Џаред Кушнер, која требаше да се одржи во Брисел, е откажана, дознава „Киев пост“. „Според извори, состанокот во Брисел е откажан. Зеленски се враќа дома“, рече Алекс Рауфоглу, новинар на „Киев Пост“. Како што објави „Ројтерс“, Зеленски се …
Continue Reading
СДС е трагедија на македонското општество, велат од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ смета дека реакцијата на СДС е на ниво на состојба која е надвор од сферата на политиката, а повеќе, како што велат, во сферата на душевното здравје на авторите кои од ноторни криминалци прават жилави луѓе и жртви. „На народот ова соопштение не му смешно, нити интересно, затоа што токму тој народ е ограбен и злоупотребена е неговата доверба …
Continue Reading
СДСМ ќе ја повика главната европска обвинителка да ја посети Македонија за скандалот со ИПАРД
СДСМ ќе ја повика главната европска обвинителка, Лаура Ковеши, да ја посети Македонија и лично да се запознае со малверзациите што ДПМНЕ ги прави со европските фондови, меѓу кои и ИПАРД програмата, соопштија од партијата. „Не сакаме државата да остане без финансиска поддршка поради злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ. Немаме доверба во нашите институции, прво затоа што врз нив секојдневно се врши …
Continue Reading
Поранешен шеф на ЦИА: Путин може да биде нокаутиран во два потега
Поранешниот директор на ЦИА и командант на американските сили во Ирак и Авганистан, генерал Дејвид Петреус, верува дека Западот има два клучни потега на располагање за да го принуди Владимир Путин да ја заврши војната во Украина. Според него, користењето на замрзнатите руски средства за да му се помогне на Киев и уништувањето на руската воена економија со дополнителни санкции …
Continue Reading