Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман. Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
ПРОМОВИРАНО ВТОРОТО ИЗДАНИЕ НА „ОХРИДСКАТА АРХЕОЛОШКА АЗБУКА“
Во рамки на програмата посветена на Св. Климент – Патрон на градот Охрид, денеска во големата сала на Општина Охрид беше промовирано второто издание на „Охридската Археолошка азбука“ од авторите проф. д-р Антонио Јакимовски, д-р Елизабета Томевска- Илиевска, м-р Маја Јаневска и м-р Иван Малезанов. Книгата е наменета за третоодделенците од охридските основни училишта за да помогне во нивното јазично …
Continue Reading
Љутков: Започнува новата ера во туризмот
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Порта Македонија се обрати на конститутивнaта седница на Советот за туризам, стратешко и советодавно тело кое има значајна улога во обликувањето и креирањето на туристичката политика на Македонија, со цел унапредување на координацијата и обезбедување системска поддршка за одржлив раст и развој на туристичката индустрија. Во своето обраќање, Љутков ја истакна …
Continue Reading
Општина Илинден, со членовите на хуманитарното здружение „Илинден“, го одбележа Светскиот ден на лицата со хендикеп
По повод Светскиот ден на лицата со хендикеп, кој традиционално се одбележува на 3 декември, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари средба со претставници на Хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“ – Скопје. На приемот, градоначалникот ја истакна важноста од континуирана поддршка и создавање рамноправни услови за сите лица со хендикеп. Георгиевски истакна дека овие наши …
Continue Reading
Милошоски: Анкетната комисија има за цел неселективно утврдување на пропустите за сите трагедии и спречување на идни
На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој истакна дека Анкетната комисија има за цел да се утврдат сите пропусти за трагедиите во изминатиот период кои резултираа со човечки жртви, со што добиените наоди понатаму би биле испратени до Владата и до Јавното обвинителство за да се лоцира доколку има политичка и кривична одговорност. …
Continue Reading
СДСМ: Дали поради случувањата во Србија, Мицко или Мали Вучко бега од своите бизнис партнери
Најавата дека премиерот Мицкоски од здравствени причини го има откажано учеството на македонско-српскиот бизнис форум што ќе се одржи во Скопје отвора и едно клучно прашање, велат од СДСМ. „Дали поради случувањата во Србија, Мицкоски или така наречниот Мали Вучко бега од своите бизнис партнери? Во исто време, денеска беше потпишан и некаков меморандум за соработка со Србија а не …
Continue Reading
Лицата со попреченост, не бараат привилегии, туку бараат можност: Ѓорѓиевски во Дневниот центар за лица со церебрална парализа
По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го посети Дневниот центар за лица со церебрална парализа. „Посебна чест е да зборуваме за Дневниот центар за лица со церебрална парализа, место кое повеќе од две децении нуди поддршка, развој и топлина. Преку Центарот поминале над 100 лица, а денес 22 корисници тука учат, растат и се развиваат. …
Continue Reading
Лимани: Попреченоста не е причина за исклученост, туку повод за повеќе грижа, солидарност и човечност
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани по повод 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост присуствуваше на настан во Владата на Република Северна Македонија. На настанот покрај претставници на Владата, присуствуваа и претставници на здруженија, лица со попреченост и деца со попреченост од државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ од Скопје. Во своето …
Continue Reading
(Видео) Апасиев до Гаши: Со месеци ја држите во фиока информацијата по претставката на родителите од Кочани
На денешната седница на Собранието, пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, откри дека спротивно на Деловникот, веќе неколку месеци не се става на дневен ред информацијата која ја поднел во врска со претставката на родителите на загинатите деца од трагедијата во „Пулс”. „Сакам да ја известам јавноста дека на 7 август 2025 година до Вас како претседател на Собранието, …
Continue Reading