Папата го критикува Трамп за коментарите за Европа
Папата Лав вчера по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека Европа мора да игра централна улога во напорите за завршување на војната во Украина и предупреди дека секој мировен план што ја игнорира улогата на Европа е нереален. „Војната е во Европа“, рече папата Лав, нагласувајќи дека европските земји мора да бидат дел од безбедносните …
Continue Reading
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Continue Reading
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност …
Continue Reading
Поради магла намалена видливост на патниот правец Демир Капија – Гевгелија и граничен премин Богородица
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Демир Капија- Гевгелија и граничен премин Богородица. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Continue Reading
(Видео) Ливерпул победи во Милано, Кунде спасител на Барселона, Аталанта го реши Челзи, Атлети славеа кај ПСВ
Уште една возбудлива вечер во Лигата на шампионите. Дербито на вечерта се одигра во Милано на стадионот „Џузепе Меаца“, каде што Интер доживеа пораз од Ливерпул. По пресврти победи славеа Барселона над Ајнтрахт, Аталанта против Челзи, Атлетико, во Ајндховен против ПСВ. Марсеј, во Брисел, ја оправда фаворитската улога против Унион Сен Жилоа, Монако во луд натпревар, откако Закарија не реализира …
Continue Reading
Мурињо: И мене ми недостасуваат неколку многу важни играчи, па не плачам
Жозе Мурињо и Антонио Конте, легендарните тренери, утре, ќе се сретнат за пар пат по седум ипол години. Бенфика и Наполи ќе играат во Лисабон. „Воопшто не знам дали е предност за мене што знамкако играат италијанските тимови. Можеби трошам помалку време на анализа… Но, тоа не ги намалува нивните недостатоци и доблести. Тие се силен тим кој двапати беше …
Continue Reading
Мељник: Украина не тргува со територијата и суверенитетот, тие не се на продажба
Постојаниот претставник на Украина во ОН, Андриј Мељник, денес изјави дека Украина не тргува со својата територија и суверенитет. Додавајќи дека Киев е подготвен да преземе конкретни чекори за враќање на сеопфатен, праведен и траен мир. „Нашата територија и нашиот суверенитет не се на продажба. Ние не сме на божиќниот пазар. Ние не сме на озлогласениот „Черкиз Базар“. Русија сака …
Continue Reading
Бил Гејтс: Вештачката интелигенција е „балон“, но ќе го промени светот
Бил Гејтс предупреди дека некои компании за вештачка интелигенција, и покрај нивните моментални високи пазарни вредности, на крајот ќе пропаднат во она што тој го нарекува „хиперконкурентна“ индустрија, бидејќи инвеститорите стравуваат дека пазарниот „балон“ ќе се распрсне. Коосновачот на Мајкрософт и филантроп нагласи дека вештачката интелигенција е и „балон“ и „длабоко значајна технологија што ќе го преобликува светот“, објави CNBC. …
Continue Reading
Ангелова: Буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите
На денешната седница во Собранието се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека Предлог-буџетот за 2026 година претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и институциите. „Буџетот не е само финансиски план, ниту табела со бројки, тој претставува стратегија, визија и одговорност кон граѓаните, економијата и кон институциите. Буџетот за 2026 година е документ што …
Continue Reading