Кошта: ЕУ блиску до клучна одлука за иднината на Украина
Европската Унија е многу блиску до решение за финансирање на Украина во 2026 и 2027 година, кое би имало поддршка од најмалку квалификувано мнозинство од земјите на ЕУ, изјави денес претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Лидерите на Европската Унија кон крајот на октомври ветија дека ќе го финансираат Киев во следните две години, додека Украина се бори против руската …
Continue Reading
Извори за „Фајненшл тајмс“: Трамп му дава на Зеленски неколку дена да одговори за мировниот план
Емисарите на Доналд Трамп му дадоа на украинскиот претседател Володимир Зеленски само неколку дена да одговори на предложениот мировен договор што би барал од Украина да прифати територијални загуби во замена за неодредени безбедносни гаранции на САД, изјавија официјални лица запознаени со разговорите, според „Фајненшл тајмс“. Украинскиот претседател им кажал на своите европски колеги дека за време на двочасовниот телефонски …
Continue Reading
Сообраќајна несреќа на патот с.Караорман – Штип, сообраќајот во прекин
Од 19:35 часот во прекин е сообраќајот на регионалниот пат с.Караорман – Штип поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово …
Continue Reading
Станковиќ: Буџетот за 2026 година е реален и има мерки за самовработување и сузбивање на сивата економија
На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Малиша Станковиќ кој истакна дека буџетот е изготвен врз основа на реални економски показатели и дека проекциите на приходната страна се остварливи. Станковиќ посочи дека растот на планираните приходи е резултат на подобрена наплата на царини и концесии како и на позитивните трендови кај активните мерки за вработување. …
Continue Reading
Портпаролката на Европската комисија за оценките на Трамп: Задоволни сме што имаме одлични лидери
Портпаролката на Европската комисија (ЕК), Паула Пињо, денес изјави дека Европската унија е задоволна и благодарна што има одлични лидери. Паула Пињо одговори на прашањето на бриселскиот портал „Политико“ за интервјуто на американскиот претседател Доналд Трамп, кој даде остра оценка за европските лидери, нарекувајќи ги „слаби“. „Многу сме задоволни и благодарни што имаме одлични лидери, почнувајќи од лидерката, претседателката на …
Continue Reading
Сијарто: Поради корупцијата во Брисел, ЕУ не го истражува скандалот со „паричникот“ на Зеленски
Нивото на корупција во Брисел објаснува зошто Европската Унија не го истражува скандалот со „паричникот“ на Володимир Зеленски во Украина, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. „Корупцијата во Брисел е објаснувањето зошто Европската Унија не го покрена прашањето за корупцијата во Киев“, рече Сијарто во интервју за „Раша тудеј“. Тој додаде дека европските претставници кои неодамна беа …
Continue Reading
Шестгодишно девојче почина по несреќа во забавен парк во Флорида
Шестгодишно девојче почина по несреќа со картинг во забавен парк во Флорида, потврди полицијата. Трагедијата се случила воикендот во Паркот за трамболини и авантури „Урбан Ер“ во Порт Сент Луси, објави ABC News. Службите за итни случаи биле повикани во паркот кратко пред 21 часот поради несреќа со картинг во која учествувало дете. Девојчето било префрлено со хеликоптер во болница …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова го одликуваше генерал-мајор Грегори Најт, командантот на Националната гарда на Вермонт со Орден за воени заслуги
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на свечена церемонија го одликуваше генерал-мајор Грегори Најт, командант на Националната Гарда на Вермонт со Орден за воени заслуги Генералот Најт го добива високото македонско одликување за неговиот особен придонес во воената соработка и продлабочувањето на македонско-американското пријателство. Доделувајќи го орденот, претседателка Сиљановска-Давкова посочи дека лидерството и посветеноста на американскиот генерал-мајор Најт, помогнаа да се создадат …
Continue Reading
Попладнево блокиран сообраќајот на граничниот премин Богородица
Од 17:00 ч. сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е повторно блокиран за влез и излез. – Сообраќајот на ГП Ники (Меџитлија) е нормализиран. – На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед …
Continue Reading