Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет
Додека повеќето европски лидери велат дека го поддржуваат проширувањето, а шефот на Европската комисија го опишува процесот како инвестиција во заедничката безбедност и слобода, прелиминарните планови за новиот седумгодишен буџет на ЕУ не ги споменуваат трошоците за проширување. Трошоците за проширување се меѓу најчестите стравови на граѓаните на ЕУ кога размислуваат за процесот, а во некои земји-членки најголемата загриженост, според …
Continue Reading
Судот го потврди пуштањето на Јанева, сценариото на ДПМНЕ се реализира
Денеска Кривичниот суд и официјално потврди дека на Катица Јанева ѝ е одобрен условен отпуст од затвор, велат од СДСМ. „Отпустот започнува од 21.12.2025 година и трае до 21.08.2026 година. Од вкупната затворска казна од 7 години, дозволен е условен отпуст од 8 месеци. Овие факти и периодот токму сега и до летото наредна година, во целост го потврдува сценарио …
Continue Reading
Тошковски: МВР успешно го заокружи проектот со ОБСЕ за хибридно образование
Министерството за внатрешни работи денес официјално го одбележа завршувањето на проектот „Градење на хибриден образовен систем во Министерството за внатрешни работи на Македонија“, со кој се поставуваат темелите на современ, одржлив и технолошки напреден систем за полициска обука. Проектот, реализиран во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и со финансиска поддршка од Сојузна Република Германија, Кралството Норвешка и дополнителни …
Continue Reading
Директна авиолинија Скопје – Прага, за Божиновска таа е реална врска меѓу двете економии
Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, земјава прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните, истакнуваат во соопштението од Министерството за енергетика. На настанот по повод воспоставувањето на авиолинијата се обрати министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, генералниот директор на TAV …
Continue Reading
Стаменкоска Трајкоска на увид во реконструктивните зафати во ООУ „Партенија Зографски“
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес го посети ООУ „Партенија Зографски“, каде што се реализираат повеќе реконструктивни зафати. Со овие активности, општината продолжува да го унапредува образовниот простор и да создава современи, безбедни и функционални услови за сите ученици, велат од таму. -Извршив увид во реконструктивните зафати во ООУ „Партенија Зографски“, каде што во континуитет се работи …
Continue Reading
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 12.12.2025 година. Од 16.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – …
Continue Reading
Николоски: Започнаа промените во општина Карпош, ќе се реконструираат преку петнаесетина улици
Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во општина Карпош со подршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на општина Карпош. Николоски заедно со градоначалникот Сотир Лукровски извршија увид во реконструкција на ул. Јуриј Гагарин, проект кој се реализира со подршка на Министерството …
Continue Reading
Кремљ: Ако Украина сака да ја заврши војната, мора да се откаже од НАТО
Кремљ во понеделникот изјави дека неутралниот статус на Украина останува клучен услов за завршување на војната, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски сигнализираше подготвеност да се откаже од својата долгогодишна аспирација за членство во НАТО во замена за цврсти безбедносни гаранции. Во Берлин моментално се водат интензивни мировни преговори, објавува „Киев пост“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им изјави на новинарите …
Continue Reading
Вечерва почнува зимска бајка на Плоштад Македонија: Елката ќе светне во 18 часот, Дедо Мраз ќе стигне на 27 декември
Елката на Плоштад Македонија вечерва во 18 часот ќе биде осветлена со свечена церемонија, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. До 31 декември секоја вечер со почеток во 18 часот ќе има празнична програма, а за дочекот, на барање на градоначалникот ќе пеат македонски музички ѕвезди. „За првпат по неколку години стагнација во главниот град свечено ја почнуваме новогодишната приказна …
Continue Reading