(Видео) Првата изјава на новиот ајатолах на Иран прочитана на државната телевизија


prva-izjava.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иранската државна телевизија ја прочита првата изјава на новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи. Изјавата не беше видео ниту аудио обраќање, туку текст што го прочита телевизиска водителка.


Во пораката, новиот лидер порача дека американските воени бази во регионот треба веднаш да се затворат, во спротивно ќе бидат нападнати.

Тој нагласи дека Иран не ги таргетира соседните земји, туку исклучиво американските воени објекти кои учествуваат во нападите врз Иран.

Хамнеи исто така изјави дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен, со цел да се изврши притисок врз противниците на Иран.

Во изјавата најави и продолжување на одмаздата за загинатите. „Ќе ја одмаздуваме крвта на нашите маченици“, порача тој.

Новиот врховен лидер ѝ се заблагодари на иранската војска, велејќи дека таа спречила земјата да биде потчинета или поделена додека е под напад.

Тој додаде дека вооружени групи во Јемен и Ирак го поддржуваат Иран во конфликтот, а повика и на подобрување на односите со соседните држави. Исто така најави бесплатно лекување за повредените и финансиска помош за оние кои претрпеле штета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK