Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот
Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и Скопје, е дел од уставот на Северна Македонија и е целосно обврзувачки за двете страни, како на меѓународно, така и на домашно ниво, објавија грчките медиуми. Соопштението од грчкото Министерство следи по коментарите на премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека …
Continue Reading
Фон дер Лајен: Нема да го напуштам самитот на ЕУ без решение за финансирањето на Украина
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека очекува земјите-членки на ЕУ да постигнат договор за финансирањето на Украина на дводневниот самит, кој започнува денес во Брисел. „Нема да го напуштам советот без решение за финансирање на Украина“, изјави таа пред новинарите пред состанокот, пренесува Ројтерс. За да можат да ги користат замрзнатите руски средства, лидерите на ЕУ …
Continue Reading
Алиу-Сала: Постојат можности за продлабочување на соработката со Република Албанија во областа на здравството
Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на работната посета на Република Албанија оствари средба со министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Евис Сала, на која беше реафирмирана успешната билатерална соработка меѓу двете земји и можностите за понатамошно нејзино продлабочување во областа на здравството. – Со Република Албанија имаме воспоставено успешна соработка, а со министерката Сала заеднички се …
Continue Reading
Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија
Македонскиот режисер и сценарист Гоце Цветановски доби специјална награда за придонес во филмската уметност и индустрија на 19. издание на Српскиот фестивал за фантастични филмови, еден од најзначајните регионални фестивали посветени на жанровскиот и авторскиот филм. Свеченото отворање на фестивалот се одржа во Културниот Центар во Белград, во присуство на бројни филмски автори, професионалци и љубители на фантастичниот филм. На …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Стари кадри од време на Заев обременети од претходните функции, Филипче ги претставува како нови лица во раководството на СДС
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС продолжува да тоне се подлабоко. Наместо промени, нови лица и свеж кадар, на раководни позиции, СДС, додаваат од владејачката партија, повторно стави стари и излитени лица уште од времето на Зоран Заев. „Венко Филипче најави таканаречена „Нова сила“, а всушност врати стари лица на Заев, со кој ја приватизираа и на крај ја раскрчмија СДС. Старите кадри …
Continue Reading
Обрадовиќ до јуни ќе биде одмор
Жељко Обрадовиќ пред две недели замина од кошаркарскиот клуб Партизан. Девет кратниот европски клупски првак, поднесе оставка на функцијата по серијата лоши резултати. По заминувањето од Партизан, Обрадовиќ го поврзаа со уште еден „црно-бел“ клуб, ПАОК од Солун. Грчкиот клуб има големи амбиции, а најавени се и сериозни финансиски вложувања. Обрадовиќ овие шпекулации ги коментираше за грчките медиуми. „Во моментов …
Continue Reading
Инцидент во Брисел: Авионот на словачкиот премиер Фицо е оштетен на аеродромот
Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека авионот што ја превезувал словачката делегација на самитот на Европската унија во Брисел е сериозно оштетен на аеродромот поради инцидент со аеродромско возило, поради што леталото повеќе не е употребливо и мора да остане во Белгија. Фицо изјави на социјалната мрежа Фејсбук дека за време на маневрирањето на пистата, камион со аеродромска рампа го …
Continue Reading
Претседателот на Селтик поднесе оставка поради закани
Претседателот на Селтик од Глазгов, Питер Ловел (66), објави дека неговиот мандат како прв човек на клубот ќе заврши на последниот ден од годината. Причината за таквата одлука, како што рече, се заканите што ги добива во последно време од различни страни. „Верувам дека покажав способност да се справам и да надминам многу предизвици на повеќе фронтови, но навредите и …
Continue Reading
Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора, проширувањето на ЕУ, за прв пат по повеќе од десет години, стана реална можност
Потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок во процесот на европска интеграција, што треба да ги инспирира другите партнери од Западен Балкан. По самитот на Европската унија и Западен Балкан, на кој Србија не учествуваше за прв пат, Фон дер Лајен во писмена изјава изјави дека „проширувањето …
Continue Reading