Поради јавен собир блокиран сообраќајот на патот Берово-Струмица
Од 10.00 часот сообраќајот на патниот правец Берово-Струмица е блокиран поради јавен собир, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој …
Continue Reading
(Видео) Снег падна во Саудиска Арабија: зимска магија во пустината
Пустинските и планинските делови на Саудиска Арабија побелеа со снежна покривка што покри неколку региони, претворајќи ги планините опкружени со пустина во зимска земја на чудата. Студеното време и обилните дождови донесоа снежни врнежи во некои од градовите. Саудискиот главен град Ријад побеле под снежна покривка, па сите училишта во градот ја прекинаа наставата. Националниот центар за метеорологија очекуваше повеќе …
Continue Reading
На иницијатива на градоначалникот Петар Јанков се поставени специјални контејнери за текстилен отпад
Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, преку Одделението за заштита на животната средина воспостави мрежа за собирање на текстилен отпад на територијата на општината. Во рамки на оваа иницијатива, поставени се специјални контејнери за селектирање на текстилен отпад, кои се донација од фирмата „ЕКО-ТЕКС“ ГРУП Д.О.О. Скопје, со цел поттикнување на реупотреба и рециклирање и намалување на количините текстилен отпад …
Continue Reading
Oпштина Кисела Вода: Генерално се чисти општината
Генерално се чисти општина Кисела Вода. Акцијата која започна вчера во УЗ „11 Октомври – бараки“, денеска продолжи на подрачјето на УЗ „11 Октомври -згради“, каде што екипите работат на темелно уредување на јавните површини, информираат од општината. На терен, како што додаваат, се ангажирани околу 30 сезонски работници, обезбеден е целокупниот потребен алат и механизација, како и специјализирани возила …
Continue Reading
(Видео) Херојот од плажата Бонди доби чек од 1,65 милиони долари, погледнете ја неговата реакција
Херојот што му ја одзеде пушката на еден од напаѓачите за време на масовното пукање на плажата Бонди во Австралија денеска доби чек од повеќе од 1,65 милиони долари (2,5 милиони австралиски долари). Парите беа собрани преку донации од десетици илјади луѓе ширум светот, објави „Ројтерс“. Ахмед ал Ахмед се скри зад паркирани автомобили пред да се нафрли на еден …
Continue Reading
Уапсен скопјанец: бил баран по потерница за издржување казна затвор поради грабнување и силување
Вчера, во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје. Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и …
Continue Reading
Капело му се восхитува на голманот на Рома
Пред натпреварот помеѓу Јувентус и Рома, легендарниот тренер Фабио Капело ги откри своите очекувања за дербито во Серија А. Капело некогаш ги водеше двата клуба, а сега издвои четири фудбалери кои би можеле да бидат клучни фактори во играта, а како Икс фактор го издвои голманот на Рома. „Свилар. Тој е најдобриот голман во лигата со неверојатен преглед на играта …
Continue Reading
Грушко: Русија нема да прави компромиси во врска со НАТО во Украина
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко денес изјави дека Русија нема да прави компромиси кога станува збор за распоредување на контингенти на НАТО, ударно оружје или членство на Украина во Северноатлантската алијанса. „Членството на Украина во НАТО, како и распоредувањето на воени контингенти и ударно оружје на нејзина територија, е апсолутно неприфатливо за нас“, изјави Грушко за Спутник, додавајќи …
Continue Reading
(Видео) Тошковски: Интервентната полиција – шест години посветена служба во заштита на граѓаните
По повод шест години од формирањето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска беше одбележан Денот на единицата, на кој беше истакната нејзината клучна улога во одржувањето на јавниот ред и мир и во заштитата на безбедноста на граѓаните на главниот град. Во своето обраќање, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски нагласи дека Интервентната полиција во изминатиот период …
Continue Reading