Ацо Ристов предложен за нов претседател на РКЕ


screenshot-2026-03-17-162005.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Членовите на собраниската Комисија за избори и именувања, на денешната седница, со седум гласа „за“, два „против“ и ниту еден воздржан, одлучија Ацо Ристов да биде предложен за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски. Предлогот треба да биде изгласан на пленарна седница на Собранието.


Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи.

Тој во периодот од ноември 2021 година до октомври 2025 година ја извршувал и функцијата градоначалник на Радовиш.

Покрај Ристов, на огласот за претседател на РКЕ беше пријавен и Шамил Реџепи од Тетово, магистер по економски науки, вработен во РКЕ од 2004 година. Тој не влезе во потесниот круг поради неисполнување на критериумите од огласот.

Бислимоски поднесе оставка од функцијата на 12 февруари годинава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK