Деца од Струмица пријавени за насилство врз соученик

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе известување согласно Законот за правда за децата против тројца малолетници од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од полицијата, на 29 декември 2025 година, во основно училиште во Струмица, а потоа и надвор од училишниот објект, пријавените физички нападнале нивен соученик. Надлежните институции …

Continue Reading

Пак нови измами со лажни лекари и измислени сообраќајки

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во последните 24 часа на подрачјето на Штип се пријавени две измами извршени врз повозрасни лица, при што сторителите се претставувале како лекари и лажно пријавувале тешки сообраќајни незгоди. Според полицијата, на 30 јануари 2026 година, во СВР Штип најпрво бил пријавен случај во 11:30 часот од 96-годишен маж од Штип, кој навел …

Continue Reading

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите делови на државата. Според Ѓорѓиевски, во акцијата се вклучени сите јавни претпријатија на Град Скопје, а целта е уредување на, како што посочи, срцето на македонското здравство, по …

Continue Reading

Мицкоски со осуда за пресудата за новинарката Вејсели која споменала име на судија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најостро ја осуди пресудата со која новинарката Љиридона Вејсели е казнета поради спомнување на името на судија во новинарско известување, оценувајќи дека станува збор за недозволиво ограничување на слободата на говор и напад врз новинарската професија. „Не можам да побарам од судијата одговорност, не сум тој што именува судии. Најостро ги осудувам ваквиот тип на …

Continue Reading

Во куќа во Ѓорче Петров фрлени две запалени стаклени шишиња

Непознато лице ноќеска фрлило две запалени стаклени шишиња кон семејна куќа во Ѓорче Петров при што настанал пожар кој бил изгаснат од членови на семејството. Повредени лица нема. Министерството за внатрешни работи во денешниот полициски билтен информира дека случајот е пријавен во 03:22 часот од страна на 49-годишна жена. – Едно од  стаклените шишиња паднало во дворното место до паркирано …

Continue Reading

Досега подигнати се над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти

Премиерот Христијан Мицкоски денеска исткна дека се подигнати над 45 илјади ваучери од 15.300 денари за студентите на додипломски студии за набавка на електронски уред – лаптоп, таблет или персонален компјутер. Посочи дека искористеноста е околу 99 проценти. За ваучер од 250 евра од ноември до декември можеа да аплицираат студенти до 29 години, кои имаат запишано семестар во учебната …

Continue Reading

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во …

Continue Reading

По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром

Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари. -Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и …

Continue Reading

Нека е со среќа, нека е аирлија, порача Мицкоски на пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Во Тетово денеска беше пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ . На настанот присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски кој изрази задоволство што за само неколку месеци со, како што рече, силна  и посветена работа, е завршена реконструкцијата на гимназијата. – Тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците од Општина …

Continue Reading