(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички брод на островот. Тој напиша дека, во соработка со гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, ќе испратат брод „да се грижи за многуте болни луѓе за кои никој не се грижи“. Заедно со објавата, Трамп сподели слика од USNS Mercy, создадена …
Continue Reading
(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите
Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите жестоко ги задушија демонстрациите. Би-Би-Си потврди видеоматеријали од демонстранти кои маршираат на кампусот на Универзитетот за технологија Шариф во главниот град Техеран. Подоцна се забележани судири меѓу нив и приврзаници на владата. На Универзитетот Шахид Бехешти се одржа мирен протест, …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под …
Continue Reading
(Фото) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети
Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов. Властите нападот го окарактеризираа како „терористички чин“. Според регионалното обвинителство, експлозиите се случиле додека полицијата реагирала на итен повик за упад во продавница во близина на центарот на градот. Првата експлозија се случила откако полициска екипа пристигнала на местото, а …
Continue Reading
СДСМ: Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата
Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека цените растат, синдикалната кошничка надминува 67.000 денари, власта продолжува да се луксузира со авион, мебел, нови возила, кабинети и удобност за функционерите, велат од СДСМ. „Ова е срамно и безобразно. Работниците се приморани да протестираат на улиците за поголеми плати, за достоинствен живот. Бараат минимална плата од 600 евра за да можат …
Continue Reading
(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете
Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и дете, кои веднаш се пренесени во болница, потврди градоначалникот Виталиј Кличко. Првите експлозии се слушнале околу 4 наутро, а нов бран следувал половина час подоцна. „Непријателот го напаѓа главниот град со балистичко оружје. Останете во засолништата додека не престане опасноста“, …
Continue Reading
(Фото) Ѓорѓиевски и Мицкоски на увид во градежните активности на булеварот „Македонија“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и премиерот Христијан Мицкоски синоќа извршија теренски увид во градежните работи на булеварот „Македонија“ со кој главниот град ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница. Ѓорѓиевски вели дека работата се одвива со засилена динамика, десетици камиони и градежни машини се на терен, дури и во вечерните часови, кога сообраќајот е намален и не се …
Continue Reading
Прочка – празник на искреното меѓусебно простување кај православните верници
Денеска православните верници го слават празникот Прочка. Овој ден е голем празник за христијаните бидејќи ја претставува искрената волја за срдечно простување меѓу луѓето. Со празникот се поврзани и голем број на обичаи и верувања. Прочка е ден на меѓусебно простување помеѓу верниците, пред почетокот на Велигденскиот пост. Датумот на празникот се менува во зависност од датумот на Велигден …
Continue Reading
Променливо облачно со засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во утринските часови, во повисоките предели на северозападот можно е краткотрајно провејување на слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина до 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од -4 до 4 степени, додека максималната …
Continue Reading