Приведен велешанец, нападнал 71-годишна жена и ѝ ја скршил влезната врата

Полицијата го приведе 31-годишниот П.Н. од Велес, по пријава дека физички нападнал 71-годишна велешанка и ја скршил влезната врата од нејзиниот дом. Според информациите од МВР, настанот бил пријавен на 25 јуни во 18:55 часот. Пријавителката навела дека П.Н. дошол пред нејзиниот дом и ја побарал нејзината ќерка, која не била дома, по што физички ја нападнал пред и во …

Continue Reading

Жена тешко повредена откако паднала во автобус во Пржино

Шеесет и осумгодишна жена од Скопје се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во автобус во населбата Пржино. Според информациите од МВР, на 25 јуни во 17:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека Ј.С. (68) од Скопје паднала додека се превезувала во автобус на територија на населбата Пржино. Тешките телесни повреди биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. …

Continue Reading

Божиновска: Градиме почиста, позелена и попросперитетна иднина

„Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива. Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје, заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на живот на нашите граѓани“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на денешниот состанок на …

Continue Reading

Димитар Лабудовиќ: Со Лина дојдовме без еуфорија, така и ќе продолжиме

Од Вимблдон за „Макфакс“ Ненад Живановски – Столиќ Човекот од сенка, кој е, после Лина Ѓорческа, најзаслужен за овој успех на македонскиот тенис и севкупниот македонски спорт, е нејзиниот тренер Димитар Лабудовиќ. Смирен, тивок, без да манифестира било каква емоција, седнат во аголот покрај терените во Раухемптон, сите три дена додека Лина играше, за некој кој не го познава би …

Continue Reading

Петрушевски: Молкот на Филипче за бугарскиот дипломатски скандал е политички избор

Mолкот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по објавувањето на документ од страна на Бугарија што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на премиерот Христијан Мицкоски и неговото семејство, претставува политички избор, а не случајност, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. На прес-конференција, Петрушевски рече дека по, како што наведе, дипломатскиот преседан од страна на Бугарија, македонската јавност очекувала јасна …

Continue Reading

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Дебрца за несовесно работење во службата

Полицијата поднесе кривична пријава против З.Н. (60) од селото Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“. Според МВР, пријавениот, во својство на градоначалник на општина Дебрца, со пропуштање на должен надзор и несовесно постапување, односно без потпишан договор, им овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда во сопственост на општината, …

Continue Reading

Љутков: Две години системски реформи – културата и туризмот повторно станаа државен приоритет

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција во Владата ги презентираше резултатите од работењето во изминатите две години, истакнувајќи дека Министерството успешно ја стабилизираше состојбата во културата и туризмот, спроведе клучни системски реформи и реализираше значајни инвестиции, со цел овие две области повторно да станат стратешки двигатели на развојот на државата. Тој нагласи дека во изминатиот период …

Continue Reading

Возач со 1,51 промили алкохол удри во шест паркирани возила во Охрид

Полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 79-годишниот К.Р. од охридското село Коњско, откако претходно предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички автомобили, а потоа го напуштил местото и продолжил да управува со возилото. Како што соопшти МВР, настанот се случил на 25 јуни околу 12:20 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, каде К.Р., управувајќи патнички …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

(Видео) Победничко ѕвонче за Ана на клиниката за детски болести

Победничкото ѕвонче повторно заѕвони на Универзитетската клиника за детски болести, овојпат во чест на Ана, која успешно го заврши своето лекување. За радосната вест информираше Министерството за здравство, од каде посочија дека секое ѕвонење на победничкото ѕвонче е симбол на детската храброст, семејната љубов и посветеноста на здравствените работници. „Победничкото ѕвонче повторно силно заѕвони — за Ана, нашата мала хероина, …

Continue Reading