Скандал на Мундијалот: Ограбена репрезентацијата на Англија во САД

Фудбалската репрезентација на Англија се соочи со непријатна ситуација пред првиот натпревар на Светското првенство против Хрватска. Според британските медиуми, дел од опремата на англиската репрезентација била украдена за време на транспорт кон Канзас. Меѓу украдените предмети се копачки, тренинг-топки и тактички табли што селекторот Томас Тухел ги користел за подготовка на тимот. Кражбата била извршена со провалување во возилата …

Continue Reading

Ајкула нападна жена на плажа во Сиднеј

Жена се здобила со тешки повреди откако била нападната од ајкула на плажата Куџи во Сиднеј, по што властите затвориле неколку плажи во околината. Според австралиските медиуми, повредената, која е во триесеттите години, се здобила со сериозни повреди на раката и ногата. Капачи ја извлекле од морето, а медицински екипи ѝ укажале прва помош пред да биде пренесена во болница. …

Continue Reading

Меморија, Дани Димитровска и Суперхикс на „Охрид вајн фестивал“

Петтото издание на Ohrid Wine Festival ги носи Меморија, Дани Димитровска, Суперхикс, Солзи и Смеа, Битолски камерен оркестар, Куку Леле и уште многу музички имиња, кои ќе настапат од 25 до 27 јуни на Кеј Македонија. Фестивали.мк и годинава подготви програма за три вечери исполнети со музика во живо и вина од домашни и регионални винарии и гастрономска понуда, претворајќи …

Continue Reading

(Видео) Песна на „Дубиоза колектив“ стана неофицијална химна на Босна и Херцеговина на Светското првенство

Една од најпознатите песни на Дубиоза колектив доживеа нова популарност благодарение на настапот на Босна и Херцеговина на Светското првенство 2026. Стиховите „I am from Bosnia, take me to America“ се слушаа меѓу навивачите на БиХ во Торонто пред и за време на натпреварот против Канада, а песната брзо се прошири и на социјалните мрежи. 🇧🇦 Bosnia have released an …

Continue Reading

(Видео) Сараево славеше до доцна во ноќта по ремито на БиХ против Канада

Босна и Херцеговина го отвори настапот на Светското првенство 2026 со реми 1:1 против Канада, а и покрај тоа што прими гол во завршницата, славјето меѓу навивачите во Сараево не изостана. Стотици навивачи излегоа на улиците на главниот град на БиХ по натпреварот, пеејќи и веејќи знамиња до доцна во ноќта, пренесува „Индекс“ споделувајќи видео. За Босна и Херцеговина ова …

Continue Reading

„Опен АИ“ под нова истрага во САД поради „Чат ГПТ“

Коалиција на американски јавни обвинители отвори истрага против „Опен АИ“, компанијата што стои зад популарната апликација „Чат ГПТ“, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори запознаени со случајот. Компанијата во петокот добила судски налог со кој се бара да достави документи поврзани со широк спектар на нејзините активности и нивното влијание врз корисниците. Меѓу другото, се бараат информации за рекламирањето, …

Continue Reading

ВЛЕН: Стратешкото партнерство со Турција се претвора во конкретни инвестиции и економски развој

Стратешкото партнерство со Турција добива нова димензија преку економската соработка и поттикнувањето на инвестициите, во согласност со визијата на ВЛЕН за одржлив развој, конкурентна економија и повеќе можности за граѓаните, велат од партијата преку соопштение. „Учеството на првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на Бизнис форумот Турција-Северна Македонија во Истанбул е доказ …

Continue Reading

Лукиќ собори рекорд и стана најбараниот фудбалер во светот

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јово Лукиќ, се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако, според податоците на Трансфермаркт, станал најбараниот фудбалер во светот. Лукиќ привлече големо внимание по погодокот против Канада, кој воедно беше и негов прв гол во дресот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Сепак, не само голот бил причина за огромниот интерес кај навивачите …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Уставните измени не се последна, туку прва отстапка од барањата на Бугарија

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека уставните измени не се последното, туку првото во низата барања што Бугарија сака да ѝ ги наметне на Македонија. Според партијата, отворањето на Уставот би значело нови условувања, притисоци и предизвици поврзани со македонскиот идентитет. Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат СДСМ и ДУИ дека со своите политики ја довеле државата во подредена позиција и создале простор за …

Continue Reading