Без одобрение, во Трпејца си изградил семејна куќа на државно земјиште

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(43) од охридското село Лескоец. Тој се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“. Имено според полицијата, на катастарска парцела во државна сопственост во охридското село Трпејца, пријавениот неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градба, издадено од надлежен орган.

Continue Reading

Николоски: Македонија и Турција продолжуваат да градат силно партнерство за економски развој и регионална соработка

Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министерот за транспорт на Турција. Средбата се оддржа во рамки на македонско-турскиот …

Continue Reading

Општина Бутел: Доделени 57 стипендии за најуспешните ученици од основните училишта

Денес градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски додели 57 стипендии на најдобрите ученици од основните училишта, информираат од општината. „Под мотото „Со срце учам, со знаење успевам” локалната самоуправа ја продолжи традицијата, за наградување на најуспешните ученици“. Денес беа доделени стипендии во вредност од 12.000 денари, на 11 првенци на генерација, во три наставни јазици (македонски, албански и турски). На …

Continue Reading

Кривична пријава и притвор за тетовец за физички напад врз сопругата: жената завршила во болница

Вчера во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 78-годишниот Ш.А. од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 74-годишна сопруга, и ѝ нанел телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. Тој е задржан во полициска станица и против него е поднесена соодветна пријава по член 130 …

Continue Reading

(Фото) Се соблече во бикини и го прослави 61-виот роденден: Никој не верува како изгледа

Елизабет Харли на 10 јуни го прослави својот 61-ви роденден, а големиот ден го одбележа во своето омилено парче облека – бикини. Елизабет Харли е една од оние жени кои му пркосат на времето, но и на природниот процес на стареење. Тие одбиваат да се прилагодат на стереотипните улоги што им се доделени кога ќе достигнат зрелост, а кога станува …

Continue Reading

15 јуни 2026 година: Во Гевгелија Годишен концерт на Секцијата за гитара

Културното лето во Гевгелија продолжува со традиционалниот Годишен концерт на Секцијата за гитара при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија. Годишниот концерт ќе се одржи во понеделник, на 15 јуни 2026 година, со почеток во 20:30 часот. Локацијата и оваа година е платото пред Народниот театар во Гевгелија. Овој значаен настан претставува јавна презентација и убава рамка за заокружување …

Continue Reading

„Њујорк Тајмс“: САД планираат значително да го намалат бројот на своите воени авиони и бродови за НАТО во Европа

САД планираат значително да го намалат бројот на своите авиони и бродови што му се на располагање на НАТО во Европа, пишува денес американскиот весник „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на двајца неименувани високи европски функционери. Ова би ја ограничило способноста на воената алијанса да спроведува напади со долг дострел и да врши надзор. САД ја објавија одлуката на своите сојузници …

Continue Reading

„Роаминг како дома“ е реална европска придобивка за граѓаните, вели министерот Андоновски

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на министерски состанок помеѓу Европската комисија и министрите од Западен Балкан, посветен на иницијативата „Roam Like at Home“ — „Роаминг како дома“. На состанокот, кој се одржа преку видеоконференциска врска, се разговараше за главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори во процесот и подготвеноста на земјите од Западен Балкан за пристапување кон …

Continue Reading

Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога: уапсен 27-годишник

Вчера, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот М.К. од село Мала Речица, тетовско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading