Се запали спортска обложувалница во Кисела Вода
Пожар избувнал во спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, во текот на ноќта. Според информациите од СВР Скопје, настанот бил пријавен во 00:20 часот. На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која го изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица, а извршен е увид за утврдување на причините за пожарот.
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: СДС и Филипче наместо да бидат кредибилна опозиција и коректив на власта, се занимаваат со избори на кои сестринските партии им освојуваат еден процент од гласовите
СДС и Филипче наместо да бидат кредибилна опозиција и коректив на власта, се занимаваат со избори во друга држава на кои сестринските партии им освојуваат 1% од гласовите. Наместо реформи, аргументирани критики и издржани предлози, од СДС и Филипче гледаме само ширење на лаги, демагогии и празни флоскули, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, СДС и Филипче, овој …
Continue Reading
Левица со поддршка за протестот на културните работници: Власта преку Уставен суд го урива Колективниот договор
Левица го осудува обидот за укинување на Колективниот договор за култура, кој, како што истакнуваат, власта го турка преку Уставниот суд, и најавува дека ќе го поддржи најавениот протест на културните работници закажан за 16 априли пред Министерството за култура. Вработените во културата, оценуваат од таму, преку овој протест ќе го изразат својот револт заради непочитувањето на колективните договори од …
Continue Reading
Мицкоски: Цените на горивата се намалија, очекувам дополнително снижување
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката на Регулаторна комисија за намалување на цените на дериватите, и што после 20 април дали ќе продолжи со мерката за намалено ДДВ и дали има задоволство во однос на намалените цени, изјави: „Поврзано со вториот дел, тука нема простор дали сме задоволни или не сме задоволни, тоа е …
Continue Reading
Имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски, велат од СДСМ
По изјавата на Христијан Мицкоски, во која повторно „имал чувство“ за идни процеси против функционери на СДСМ, одговорот е јасен и директен. Откако ги постави своите луѓе на клучните позиции во судството и обвинителството, сега, кога самиот тој станува предмет на интерес на меѓународни истраги, Мицкоски почнува, преку злоупотреба на институциите, да се обидува да ги сокрие вистинските процеси поврзани …
Continue Reading
(Видео) Трамп претставен како пират и поп-ѕвезда: Иран со сатирични содржини на социјалните медиуми
Во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток, иранските дипломатски и провладини редови сè повеќе ги користат социјалните медиуми за да влијаат на меѓународните перцепции за конфликтот и да одговорат на западните наративи за Иран преку сатирична и вирална содржина. Анализите покажуваат дека хумористични и видеа генерирани од вештачка интелигенција се користат сè повеќе за оваа намена, вклучувајќи анимации и …
Continue Reading
Завршува грејната сезона, следува преоден период до крајот на април
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека грејната сезона завршува на 15 април 2026 година и почнува т.н преоден период кој трае до 30 април. Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија од утре па се до крајот на месецот, доколку …
Continue Reading
Маѓар бара оставка од унгарскиот претседател
Лидерот на победничката партија Тиса, Петер Маѓар, побара оставка од унгарскиот претседател Тамаш Шулиок откако ќе се формира новата влада. Тој изјави дека ќе му ја пренесе „волјата на унгарскиот народ“ дека треба да ја напушти функцијата, оценувајќи дека Сулиок не е способен да го претставува единството на нацијата ниту да биде чувар на владеењето на правото. По средбата, Маѓар …
Continue Reading
Драстични казни за четири евролигашки екипи
Евролигата им изрече сериозни финансиски казни на клубовите што го надминаа дозволениот лимит за плати на играчите. Најголемите казни им беа изречени на Хапоел Тел Авив и Панатинаикос. Според извештајот што го објави Евролигата, Панатинаикос го надминале ограничувањето за „селерикап“, за дури 6.185.000 евра, поради што на клубот му е изречена казна од 3.065.000 евра. Олимпијакос, исто така е казнет, …
Continue Reading