Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген ќе биде новиот голман на славниот холандски Ајакс.
Ајакс успешно го заврши второто коло од квалификациите за Конференциската лига. Ја елиминираше Војводина и ќе ги продолжи квалификациите против ирскиот Шелбурн.
Се очекува за тие натпревари, на голот да биде Тер Штеген, кој пристигнува од Барселона. Германецот утре ќе пристигне во Амстердам, кога ќе ги помине лекарските прегледи и ќе потпише договор.
Не станува збор за траен трансфер, туку за позајмица што ќе трае цела сезона. Овој голман нема да го чини ништо клубот од Амстердам бидејќи Барса ќе плаќа 90 проценти од неговата плата.
Спортскиот директор Жорди Кројф и тренерот на Ајакс Мичел, кои работеа со овој голман за време на неговиот период во Џирона, инсистираа на трансферот.
Германецот, поради повредите го изгуби своето место меѓу стативите во Барса. Тер Штеген одигра само три натпревари минатата сезона.
Foto/ Depositphotos