Хоџа: Продолжуваат инвестициите во комуналната инфраструктура во Чаир
Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означија почетокот на изградбата на нова водоводна и канализациона мрежа на улицата Дижонска 15. Проектот е финансиран од Министерството со 6,9 милиони денари. Со оваа инвестиција директно се одговара на инфраструктурните потреби на жителите од овој дел на Чаир, обезбедувајќи подобри …
Continue Reading
Папата Лав: „Светот е опустошен од неколку тирани“
Денес, папата Лав ги критикуваше светските лидери кои трошат милијарди евра за војни и рече дека светот е „опустошен од неколку тирани“ кои се преправаат дека не знаат дека е потребен само еден момент за да се уништи нешто, а повеќе од еден животен век не е доволен за да се обнови, објавува Ројтерс. Папата ги критикуваше лидерите кои користат …
Continue Reading
Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Израел и Либан постигнале договор за десетдневно примирје кое ќе стапи на сила вечерва во 23 часот. Трамп потврди дека имал „одлични разговори“ со либанскиот претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека ова е десеттата војна што ја решава. Во првиот разговор меѓу двајцата лидери откако Аун ја презеде функцијата, либанскиот …
Continue Reading
Утре променливо облачно со сончеви периоди и температури до 25 степени
Утре променливо облачно со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Вардариште ќе стане минато, започна процесот на одгасување на депонијата
Започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште, што претставува значаен чекор кон нејзино целосно затворање и трансформација во современ мега парк, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Како што ветив, вели тој, по спроведената физибилити студија, денес започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште. Мапирани се 22 точки, односно бунари за собирање на отпадните гасови кои со години …
Continue Reading
Маѓар до партијата на Орбан: Ќе пожнеете што сте посеале, нема ништо да ви заборавиме
Победникот на унгарските избори, Петер Маѓар, ѝ порача на владејачката партија Фидес, предводена од поранешниот премиер Виктор Орбан, дека нема да избега од одговорност за политиките што ги водеше во последните години. „Им го кажувам ова на лидерите на Фидес: без разлика колку се преправате дека ништо не се случило, ние знаеме што сте им направиле на нашата татковина и …
Continue Reading
Европа би можела да остане без гориво за авиони за шест недели, предупредува директорот на Меѓународната агенција за енергија
Европа би можела да остане без гориво за авиони за само шест недели, предупреди денес директорот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) Фатих Бирол и посочи на сè посериозните последици од кризата предизвикана од војната на Блискиот Исток и блокадата на Ормускиот теснец. Во интервју за АП, Бирол оцени дека блокадата на клучниот морски пат за транспорт на нафта би …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова со турскиот претседател Ердоган: Турција секогаш била наш близок пријател
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Истанбул оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на којашто беше констатирано дека македонско-турските односи се одликуваат со силно пријателство, доверба и континуирана меѓусебна поддршка. Најпрво, претседателката изрази сочувство до претседателот Ердоган за жртвите во вчерашното пукање во средното училиште во Турција, посакувајќи побрзо закрепнување на настраданите. Турција секогаш била наш …
Continue Reading
Претседателот на Бразил: Трамп нема право да станува наутро и да се заканува на некоја земја
Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, го критикуваше својот американски колега Доналд Трамп велејќи дека тој „нема право“ да се заканува на други земји, објави АФП. Коментарите на Лула дојдоа откако Трамп овој месец предупреди дека „целата цивилизација ќе умре“ во Иран ако Техеран не го отвори Ормускиот теснец. „Трамп нема право да станува наутро и да се заканува …
Continue Reading