РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ НА ФОНТАНИТЕ ВО КАРПОШ

Општина Карпош спроведе активности за санација, реконструкција и редовно одржување на фонтаните на својата територија, со цел обезбедување нивна непречена, безбедна и ефикасна работа во текот на целата сезона. Активностите беа реализирани на фонтаните лоцирани на плоштад „Делфина“ во Влае, кај детското игралиште во Карпош 3, плоштадот во Бардовци, како и во паркот спроти Студентскиот дом „Гоце Делчев“, извести Општината. …

Continue Reading

Во Грција по море пристигнале 34 отсто помалку мигранти, Владата тврди дека стратегијата дава резултати

Бројот на мигранти кои по морски пат пристигнале во Грција е намален за 34 отсто во првата половина од 2026 година во споредба со истиот период лани, објави грчкиот министер за поморство Василис Кикиљас на социјалната мрежа Икс, пренесува „Еуроњуз“. Од почетокот на годинава се евидентирани 15.389 пристигнувања, додека во првите шест месеци од 2025 година биле регистрирани 23.243. Статистиката …

Continue Reading

(Видео) „Тошковски им порача на граѓаните само да ја пуштат водата да истече, Ангелов потврди дека има опасна бактерија, резултати дури на 20 август“, кажа Борозан

„Катастрофата во Гостивар продолжува. Илјадници граѓани се отруени, над 4.000 луѓе се соочија со последиците од загадената вода. Тотален колапс на здравствените институции, на Мицкоски и Клековски. Министерот за здравство Сашо Клековски вчера соопшти дека официјалната анализа на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури на 20 август“, кажа Маја Борозан од СДСМ. „Во водата има опасни бактерии, …

Continue Reading

Салах влезе во клубот на богатите, но е далеку од најплатените

Мохамед Салах кариерата ја продолжува во Трабзон. Поранешната ѕвезда на Ливерпул, не можеше да ја одбие финансиската понуда од турскиот прволигаш, фиксна годишна плата од 17 милиони евра, плус пет милиони доколу ги оставри бонусите и 20 отсто од продажбата на дресовите со неговото име. Салах во Трабзно ја доби најголемата плата во историјата на турскиот фудбал. Во глобалните рамки …

Continue Reading

Пукал на семејна веселба, куршум оштетил покрив на куќа: уапсен маж од Боговиње

Денеска полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 60-годишниот Т.С. од село Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од село Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле …

Continue Reading

Николоски: Потпишани договорите за третата фаза од Коридорот 8 – следува изградба на тунелот со Бугарија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека започнува реализацијата на третата секција од железничкиот Коридор 8, откако денеска беа потпишани Договорот за инвестициски грант преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Договорите се однесуваат на реализацијата на …

Continue Reading

Новата финансиска конструкција за железничката пруга кон Бугарија ќе овозможи целосна реализација на проектот, најави Димитриеска-Кочоска

Владата со поддршка од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој преку нова финансиска конструкција овозможува реализација на проектот за железничкото поврзување со Република Бугарија. Денеска од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, и директорот на ЕБОР Фатих Туркменоглу, раководителот на Канцеларијата …

Continue Reading

Прекрасна сонатна вечер со виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким

Харизматичниот холандски виолинист Ниек Бар кому му се воодушевува публиката од целиот свет и американско-холандскиот пијанист Бен Ким настапија вчеравечер во рамки на Холандската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Двајцата извонредни музичари вечерта ја зпочнаа со Сонатата за виолина и пијано од Ц.Франк, а продолжија со уште една Соната за виолина и пијано од Франсис Пуленк. Репертоарот го заокружија со …

Continue Reading

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 6 август 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и …

Continue Reading