Мохамед Салах кариерата ја продолжува во Трабзон. Поранешната ѕвезда на Ливерпул, не можеше да ја одбие финансиската понуда од турскиот прволигаш, фиксна годишна плата од 17 милиони евра, плус пет милиони доколу ги оставри бонусите и 20 отсто од продажбата на дресовите со неговото име.
Салах во Трабзно ја доби најголемата плата во историјата на турскиот фудбал. Во глобалните рамки на модерниот фудбал, платата на Салах е втора класа.
Еволуцијата на фудбалскиот пазар под влијание на државните фондови од Блискиот Исток и комерцијалните гиганти од САД целосно ја промени финансиската хиерархија. На самиот врв на светската листа на најплатени фудбалери сè уште се ветераните чии договори се гарантирани со фондови надвор од класичниот европски клупски систем.
Лидер е 41-годишениот Кристијано Роналдо, неговиот договор со Ал Наср во Саудиска Арабија му гарантира фиксна плата од околу 200 милиони евра годишно, што со спонзорските договори надминува 240 милиони евра.
На второто место е уште еден играч од Саудиската лига. Французинот Карим Бензема (38 години) заработува околу 100 милиони евра по сезона во Ал Хилал.
Третото место му припаѓа на 39-годишниот Лионел Меси. Иако ги одби саудиските милијарди, познатиот Аргентинец во американската МЛС лига во дресот на Интер Мајами заработува основна клупска плата од меѓу 25 и 30 милиони евра, но преку спонзорски договори, неговата вкупна годишна заработка во Мајами надминува 70 милиони евра.
Во европскиот фудбал, каде што важат построги правила за финансиски фер-плеј (FFP), платите се поумерени отколку на Блискиот Исток, но сепак недостапни за повеќето клубови надвор од Шпанија и Англија.
На прво место е 27-годишниот Французин Килијан Мбапе. Пристигнувајќи во Реал Мадрид, тој се согласи на фиксна плата од околу 31,25 милиони евра годишно, но со астрономски бонус што го доби за потпишувањето на договорот (од околу 150 милиони евра распоредени во период од пет години), неговиот вкупен клупски пакет изнесува околу 61 милион евра по сезона.
Ерлинг Холанд, една година помлад, е на второто место. Според неговиот нов договор со Манчестер Сити, Норвежанецот заработува околу 32 милиони евра фиксно по сезона (над 525.000 фунти неделно).
Следна е групата играчи предводена од „кралевите“ на Реал, Винисиус Жуниор и Џуд Билингам, со заработка од околу 20 милиони евра, при што Бразилецот моментално преговара за нов договор и бара да има плата блиска до Мбапе.
Foto/ Depositphotos