(Фото) Општина Аеродром: Побезбедни и подобри улици за Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните работи на крак 28 на улицата „Тодор Чангов“, каде што во должина од 200 метри се врши целосна реконструкција, со замена на тампонскиот слој и асфалтната конструкција. За првпат, оваа улица добива темелно обновена сообраќајна површина, што ќе придонесе за поголема безбедност и подобри услови за движење на жителите, …

Continue Reading

Левица предупреди: Од „верижната одговорност“ за Кочани ќе направат бескраен процес, Деко го дочекува крајот на притворот, а судењето уште долго ќе трае

„На 3 октомври Дејан Јованов – Деко, сопственикот на „Пулс“ ќе излезе од притвор исцрпувајќи го законскиот рок во кој оваа мерка може да трае по оценката на обвинението. Судењето, пак, продолжува до неедоглед. Значи, најстрогата процесна мерка стигна до својот законски крај пред постапката да стигне до првостепена пресуда“, велат од партијата Левица. „3 октомври не падна од небо, …

Continue Reading

Кривична против охриѓанец: неовластено изградил две семејни куќи

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишниот Г.В. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој на катастарска парцела во Охрид, без одобрение за градба, неовластено изградил две индивидуални семејни куќи што било констатирано при извршен инспекциски надзор.

Continue Reading

Од 18 до 26 септември седмо издание на Скопски градски фестивал

Од 18 до 26 септември ќе се одржи седмото издание на Скопскиот градски фестивал, годинава со програма посветена на музичкиот и културниот дијалог меѓу Македонија и земјите од регионот. Организатор на фестивалот е Баги Комуникации. Фестивалот ќе донесе уметници од Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија, во концертни проекти што ги поврзуваат џезот, класичната музика, современото авторско творештво …

Continue Reading

Фон дер Лајен: Она што се случува во орбитата е клучно за нашата безбедност

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека иновациите поврзани со вселената го промениле секојдневниот живот и дека изборите направени денес „ќе ги обликуваат децениите што доаѓаат“. Фон дер Лајен, на Меѓународниот вселенски самит во Париз, изјави дека лидерите и претставниците на земјите од светот се собрале на самитот за да разговараат за „иновациите што се случуваат …

Continue Reading

Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за здравство Сашо Клековски денеска во Министерството за внатрешни работи остварија работна средба со шефот на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) во Скопје, Уктам Насиров. Средбата се одржа на иницијатива на министерот Тошковски, со цел отворање дискусија за унапредување на досегашниот пристап во борбата против недозволената трговија со …

Continue Reading

(Видео) Гвинет Палтроу за врската со Бред Пит: „Се срамев бидејќи не успеа“

Актерката Гвинет Палтроу неодамна зборуваше за својата врска со Бред Пит, истакнувајќи дека притисокот од медиумите и бројните очекувања имале значително влијание врз неа. Палтроу неодамна гостуваше во подкастот „Friends Keep Secrets“, каде што разговараше за разни теми, вклучително и за нејзиниот приватен живот. Таа се наврати на својата романса со Бред Пит во 1990-тите, нагласувајќи ги многуте фактори што …

Continue Reading

Кејт Хадсон по пет години свршувачка: „Не размислувам за мажење, бидејќи е премногу скапо“

Актерката Кејт Хадсон и нејзиниот вереник, музичарот Дени Фуџикава, се во врска од 2016 година, а пред тоа беа пријатели 15 години. Тие имаат ќерка, Рани Роуз, која е родена во 2018 година, а музичарот ѝ предложи брак на актерката во 2021 година. Сепак, се чини дека свадбата нема да се одржи, а Кејт објасни зошто. Во подкастот на нејзиниот …

Continue Reading

Лејди Гага се омажи во тајност? „Работат на бебе“

Пејачката Лејди Гага и нејзиниот партнер Мајкл Полански наводно тајно стапиле во брак, а веста за настанот се проширила низ нивниот круг на пријатели. Според пријателите на парот, Лејди Гага и Мајкл Полански се венчале и сега уживаат на меден месец, подалеку од очите на јавноста. ‘No one has seen or heard from Lady Gaga’: Singer disappears and sparks rumors …

Continue Reading