САД го имаа најжешкото лето во својата историја
Соединетите Американски Држави (САД) го имаа најжешкото лето во својата историја оваа година со просечна температура од околу 23,5 степени Целзиусови, објави денес Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA). Просечната температура помеѓу јуни и август беше за три и пол степени повисока од летните просеци во текот на 20 век, објави CBS News. Рекордна топлина го зафати западниот дел на …
Continue Reading
„Лоша“ навика што може да ви помогне да изгубите тежина
Еден фактор на кој можеби не му посветувате многу внимание би можел да биде клучен за губење на масните наслаги. Во обид да ги намалат масните наслаги околу половината, многу луѓе го интензивираат вежбањето и го намалуваат внесот на калории. Сепак, нутриционистите истакнуваат дека еден од најефикасните методи за намалување на висцералните масти вклучува нешто што често погрешно се смета …
Continue Reading
(Видео) Велјановски: Според ревизорскиот извештај на ДЗР, само 0,12% биле платени за градба, ЈО да истражи како СДС и ДУИ управувале со 1,3 милијарди евра за Коридорите 8 и 10д
За Коридорите 8 и 10Д, во должина од 108 километри и со проценета вредност од 1,3 милијарди евра, ДЗР утврдил дека заклучно со декември 2023 година само 0,12% од трошоците се однесувале на градба, што покажувало отстапување од планираната динамика, јстакна на прес-конференција Aлександар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, додаде тој,ревизорите утврдиле сериозни слабости во управувањето со капиталните инвестиции и …
Continue Reading
(Фото) Општина Аеродром: Побезбедни и подобри улици за Лисиче
Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните работи на крак 28 на улицата „Тодор Чангов“, каде што во должина од 200 метри се врши целосна реконструкција, со замена на тампонскиот слој и асфалтната конструкција. За првпат, оваа улица добива темелно обновена сообраќајна површина, што ќе придонесе за поголема безбедност и подобри услови за движење на жителите, …
Continue Reading
Левица предупреди: Од „верижната одговорност“ за Кочани ќе направат бескраен процес, Деко го дочекува крајот на притворот, а судењето уште долго ќе трае
„На 3 октомври Дејан Јованов – Деко, сопственикот на „Пулс“ ќе излезе од притвор исцрпувајќи го законскиот рок во кој оваа мерка може да трае по оценката на обвинението. Судењето, пак, продолжува до неедоглед. Значи, најстрогата процесна мерка стигна до својот законски крај пред постапката да стигне до првостепена пресуда“, велат од партијата Левица. „3 октомври не падна од небо, …
Continue Reading
Кривична против охриѓанец: неовластено изградил две семејни куќи
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишниот Г.В. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој на катастарска парцела во Охрид, без одобрение за градба, неовластено изградил две индивидуални семејни куќи што било констатирано при извршен инспекциски надзор.
Continue Reading
Од 18 до 26 септември седмо издание на Скопски градски фестивал
Од 18 до 26 септември ќе се одржи седмото издание на Скопскиот градски фестивал, годинава со програма посветена на музичкиот и културниот дијалог меѓу Македонија и земјите од регионот. Организатор на фестивалот е Баги Комуникации. Фестивалот ќе донесе уметници од Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија, во концертни проекти што ги поврзуваат џезот, класичната музика, современото авторско творештво …
Continue Reading
Фон дер Лајен: Она што се случува во орбитата е клучно за нашата безбедност
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека иновациите поврзани со вселената го промениле секојдневниот живот и дека изборите направени денес „ќе ги обликуваат децениите што доаѓаат“. Фон дер Лајен, на Меѓународниот вселенски самит во Париз, изјави дека лидерите и претставниците на земјите од светот се собрале на самитот за да разговараат за „иновациите што се случуваат …
Continue Reading
Тошковски и Клековски на средба со претставникот на UNODC: Нов пристап и засилена соработка во борбата против недозволената трговија со дрога
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за здравство Сашо Клековски денеска во Министерството за внатрешни работи остварија работна средба со шефот на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) во Скопје, Уктам Насиров. Средбата се одржа на иницијатива на министерот Тошковски, со цел отворање дискусија за унапредување на досегашниот пристап во борбата против недозволената трговија со …
Continue Reading