(Видео) Авион полета со 155 патници, слета со уште еден – драма на летот за Рим

„Ербас А321нео“ на компанијата „Ита Ервејз“ полетал од Дакар за Рим ноќта меѓу 29 и 30 април со 155 патници, но се вратил со еден повеќе. На летот AZ855 се родило бебе – момче по име Мохамед Алесандро. Пилотот на авионот, Алесандро Ванучи (52), изјавил дека екипажот не бил известен дека меѓу патниците има жена во седми месец од бременоста. …

Continue Reading

Германски градоначалник предупредува: Повлекувањето на американската војска ќе биде катастрофа

Градоначалникот на германскиот град Рамштајн-Мизенбах, Ралф Хехлер, предупреди дека најавеното повлекување на 5.000 американски војници од Германија би можело да има катастрофални последици за локалната економија, доколку мерката ја опфати и базата Рамштајн. Тој изјави дека со војниците и нивните семејства би можеле да заминат и до 12.000 луѓе, што би претставувало сериозен економски удар за општината. Во градот живеат …

Continue Reading

Ќерката на Анџелина Џоли со емотивна исповед за растењето во славно семејство

Ќерката на Анџелина Џоли, 21-годишната Захара, проговори за своето детство, односот со мајка ѝ и растењето под светлата на рефлекторите. На неодамнешен настан во Атланта, Захара истакна дека и покрај предизвиците од животот во едно од најпознатите семејства во светот, секогаш се чувствувала поддржано. „Пронајдовме љубов една во друга. Бев посвоена на шест месеци и за браќа и сестри добив …

Continue Reading

Братот на Чарли во „Два и пол мажи“ проговори за нивниот однос: „Веќе не се лутам, беше комплицирано“

Поминаа 14 години откако Чарли Шин го напушти, односно беше отпуштен од снимањето на хит-ситкомот „Два и пол мажи“. Во тој период тој беше на врвот на славата, но истовремено водеше тешка битка со зависност, поради што неговиот култен лик беше отпишан од серијата. Денес Шин е чист, а по учеството во неговиот документарец на Нетфликс, за односот со него …

Continue Reading

Најбрбливите знаци во хороскопот: Со нив тишината е реткост

Според хороскопските толкувања, Близнаци, Лав и Стрелец се меѓу најзборлестите знаци во зодијакот. Близнаците се познати по тоа што секогаш имаат тема за разговор и тешко поднесуваат тишина, па често ја исполнуваат со приказни, шеги и коментари. Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и често ја преземаат главната улога во разговорите, одржувајќи ја атмосферата жива. Стрелците, пак, обожаваат …

Continue Reading

Татко на убиено дете од „Рибникар“: Секој 3 мај се сеќаваме на последниот ден на нашите деца

Анѓелко Аќимовиќ, татко на покојната Ангелина, која беше убиена во масакрот во Основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, изјави дека болката и тагата не стивнуваат ниту три години по трагедијата. По положувањето цвеќе и палењето свеќи пред училиштето на Врачар во Белград, тој за „Курир“ рече дека секоја годишнина ги враќа родителите во последните моменти кога ги …

Continue Reading

„Држи го јазикот за заби“: лидерите на ЕУ го предупредиле Зеленски да си ги намали очекувањата за брз влез во Унијата

Силното инсистирање на украинскиот претседател Володимир Зеленски за брзо приклучување на Украина во Европската Унија создава тензии со европските престолнини, во момент кога Вашингтон ја преиспитува понатамошната поддршка за Киев, пишува „Фајненшл тајмс“. Одбивањето на лидерите на ЕУ да го забрзаат пристапувањето на Украина предизвикало фрустрација во Киев, а сè поевроскептичната реторика на администрацијата на Зеленски дополнително ги отежнува напорите …

Continue Reading

Ѕвездата на „Онли фанс“ се мажи за себе

Бони Локет одлучи да направи необичен чекор да се мажи за себе по низа неуспешни врски. 38-годишната ѕвезда на платформата „Онли фанс“ тврди дека одлуката дошла откако била изневерена во неколку врски. Ваквите искуства ја охрабриле да ги преиспита традиционалните партнерски врски. Сега, како што вели, сака да „напише свој среќен крај“. „Се најдов во ситуација каде што, на 38 …

Continue Reading

Навивач падна од трибина на натпревар во Гостивар, пренесен во Ургентен центар

Триесетгодишен маж од Куманово бил повреден откако паднал од трибина за време на фудбалски натпревар во Гостивар, соопшти МВР. Инцидентот се случил на Градскиот стадион во Гостивар за време на натпреварот меѓу ФК Башкими од Куманово и ФК Вардар од Скопје. Според информациите, Ф.Р. паднал од трибината, по што бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар за укажување медицинска помош.

Continue Reading