Најпосакуваниот летен тренд се враќа од 2010 година: „Ископајте“ го вашиот стар пар од плакарот


depositphotos_454165020_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од Коачела на почетокот на 2010-тите до луксузните модни писти, „гладијаторките“ се повторно во центарот на вниманието. Овој впечатлив и донекаде контроверзен модел на обувки доживува модерна ренесанса, и еве зошто токму сега е вистинското време за нивното големо враќање.


Ако ги следевте модните трендови од средината на 2010-тите, речиси е невозможно да ги пропуштивте. Високите сандали со многу прерамки беа неопходен дел од фестивалските комбинации, особено оние инспирирани од Коачела, каде што совршено се вклопуваа со цветни круни, чипка, лелеави фустани и препознатливата бохо естетика од тој период.

Иако во претходните сезони нивното место го заземаа попрактични модели како што се рибарски сандали, влечки „Биркенсток“ и минималистички апостолки, „гладијаторките“ се враќаат во преден план. Сепак, нивното враќање не е само израз на носталгија – дизајнерите им дадоа сосема ново, посовремено лице.

View this post on Instagram

A post shared by Ancient Greek Sandals (@ancientgreeksandals)

Денешните „гладијаторки“ повеќе не се резервирани само за фестивалски комбинации. Нивната нова верзија ги комбинира историското наследство, женственоста и современиот минимализам.

На модните писти за 2026 година, дизајнерите ги претставија во различни варијанти – од едноставни кожни модели со неколку ремени до впечатливи верзии кои достигнуваат речиси до колена и изгледаат како модерен моден оклоп. Брендови како што се Изабел Марант, Жан Пол Готје и Емилио Пучи повторно го нагласија нивниот скулпторски изглед, додека некои дизајнери ги доближија до минималистичката естетика преку намалени линии и квалитетна кожа.

View this post on Instagram

A post shared by RAYE (@rayethelabel)

Најлесниот начин да ги стилизирате е да ги комбинирате со парчиња што ја нагласуваат нивната медитеранска естетика. Долги ленени фустани, лелеави здолништа, кафтани и природни материјали совршено одговараат на нивниот карактер.

Ниските модели изгледаат одлично со кратки тексас шорцеви, бели маички и опуштени летни комбинации, додека високите модели се идеален избор за вечерни пригоди со свилени фустани или елегантно исечени парчиња.

View this post on Instagram

A post shared by RAYE (@rayethelabel)

Можат да се комбинираат со „оверсајз“ сакоа или структурирани парчиња облека, додека металните модели создаваат вистински ресорт ефект и совршено одговараат на исончан тен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK