Мицкоски за лажната вест за водата во Скопје: Се надевам дека со измените во кривичниот законик ќе има казни за лицата кои создаваа хистерија
Повеќе од десет лица се повикани на разговор во Министерството за внатрешни работи по ширењето на лажната информација дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли, изјави премиерот Христијан Мицкоски. На отворањето на новата спортска сала во ООУ „Круме Кепески“ во скопската Општина Кисела Вода, Мицкоски оцени дека ширењето вакви пораки преку социјалните мрежи претставува обид за создавање немир, …
Continue Reading
Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје се во согласност со правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во текот на 14 август, Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа, од кои четири биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека мониторингот …
Continue Reading
Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата, тврди Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ситуацијата со производителите на пиперка е санирана и дека откупот веќе неколку дена се одвива според очекувањата. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нова спортска сала во Општина Кисела Вода дали е надминат проблемот со производителите на пиперка, Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле …
Continue Reading
(Видео) Објавена најстрашната снимка од епицентарот на пожарот во Омиш
Големиот пожар што избувна во областа Локва Рогозница вечерта на 13 август се претвори во една од најсериозните пожарни катастрофи во областа Омиш за само неколку часа. Членовите на ДВД Трогир објавија снимки од центарот на пожарот. Големиот пожар се претвори во една од најсериозните пожарни катастрофи во областа Омиш за само неколку часа. Началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ, …
Continue Reading
14.440 евра без докажано потекло пронајдени во возило кај Бучим, 35-годишник заврши во притвор
Полицијата пронашла 14.440 евра во различни апоени при преглед на автомобил на магистралниот пат Радовиш–Штип, по што бил лишен од слобода 35-годишен жител на Бучим. На 13 август, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го запреле возилото „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В. (35) од село Бучим, на крстосницата за селото. За М.В. претходно била изречена …
Continue Reading
Силен земјотрес ја погоди Гранада: Туристи панично ги напуштаат хотелите, оштетени домови и автомобили
Силен земјотрес со магнитуда од 5 степени ја погоди туристички популарната област во јужниот дел на Шпанија, предизвикувајќи паника меѓу туристите и оставајќи зад себе оштетени домови и автомобили. Земјотресот ја потресе Гранада, град познат по импресивната палата Алхамбра, околу 1 часот по полноќ по локално време. Според првичните информации, во делови од градот се регистрирани значителни оштетувања на куќи …
Continue Reading
Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст
Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил. – Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на компаниите кои имаат идеи …
Continue Reading
Пуштена во употреба спортска сала во подрачното училиште „Крупе Кепески“ во Кисела Вода
Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно училиште „Круме Кепески“. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони денари и се протега на површина од 440 метри квадратни. Изработена е според најсовремени стандарди. – За населбата Припор ова е барање веќе подолго време што го реализираме во соработка со …
Continue Reading
Драгана исчезнала бегајќи од пожарот и влегла во огнената стапица, семејството дало ДНК-примероци
Драгана Антешевиќ (34) од Котор Варош, Република Српска, исчезнала за време на големиот пожар во областа на Омиш, каде што работела како сезонски работник. Нејзиното исчезнување било пријавено на 13 август во местото Станичи, а се верува дека нејзиното тело е пронајдено по стравичниот пожар, пренесува „Индекс“. Според информациите што се појавија во јавноста, Антешевиќ била во автомобил со уште …
Continue Reading