Шест пожари и натаму активни во Македонија, огнот се шири и кон Бојане
Шест пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, според најновите податоци на Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 13 часот на 15 август. Во текот на денот биле регистрирани вкупно 11 пожари. Покрај шесте активни, три се ставени под контрола, а еден пожар е целосно изгаснат. Активни се пожарите во општина Студеничани, во реонот на селата …
Continue Reading
Ја тепал ќерката и се заканувал дека ќе ги запали неа и сопругата, се бара притвор
Педесетгодишен жител на Тетово е осомничен за семејно насилство, сериозни закани кон сопругата и ќерката, како и за прекршување на претходно изречени мерки за заштита од семејно насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Тетово. Според обвинителството, на 14 август осомничениот сериозно им се заканувал на сопругата и ќерката дека ќе ги нападне и ќе им го загрози животот. Случајот започнал откако …
Continue Reading
Мицкоски за лажната вест за водата во Скопје: Се надевам дека со измените во кривичниот законик ќе има казни за лицата кои создаваа хистерија
Повеќе од десет лица се повикани на разговор во Министерството за внатрешни работи по ширењето на лажната информација дека водата во Скопје е загадена со ешерихија коли, изјави премиерот Христијан Мицкоски. На отворањето на новата спортска сала во ООУ „Круме Кепески“ во скопската Општина Кисела Вода, Мицкоски оцени дека ширењето вакви пораки преку социјалните мрежи претставува обид за создавање немир, …
Continue Reading
Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје се во согласност со правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во текот на 14 август, Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа, од кои четири биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека мониторингот …
Continue Reading
Постигнат е договор и откупот на пиперката тече според очекувањата, тврди Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ситуацијата со производителите на пиперка е санирана и дека откупот веќе неколку дена се одвива според очекувањата. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на нова спортска сала во Општина Кисела Вода дали е надминат проблемот со производителите на пиперка, Мицкоски рече дека според информациите што ги добил од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле …
Continue Reading
(Видео) Објавена најстрашната снимка од епицентарот на пожарот во Омиш
Големиот пожар што избувна во областа Локва Рогозница вечерта на 13 август се претвори во една од најсериозните пожарни катастрофи во областа Омиш за само неколку часа. Членовите на ДВД Трогир објавија снимки од центарот на пожарот. Големиот пожар се претвори во една од најсериозните пожарни катастрофи во областа Омиш за само неколку часа. Началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ, …
Continue Reading
14.440 евра без докажано потекло пронајдени во возило кај Бучим, 35-годишник заврши во притвор
Полицијата пронашла 14.440 евра во различни апоени при преглед на автомобил на магистралниот пат Радовиш–Штип, по што бил лишен од слобода 35-годишен жител на Бучим. На 13 август, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го запреле возилото „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В. (35) од село Бучим, на крстосницата за селото. За М.В. претходно била изречена …
Continue Reading
Силен земјотрес ја погоди Гранада: Туристи панично ги напуштаат хотелите, оштетени домови и автомобили
Силен земјотрес со магнитуда од 5 степени ја погоди туристички популарната област во јужниот дел на Шпанија, предизвикувајќи паника меѓу туристите и оставајќи зад себе оштетени домови и автомобили. Земјотресот ја потресе Гранада, град познат по импресивната палата Алхамбра, околу 1 часот по полноќ по локално време. Според првичните информации, во делови од градот се регистрирани значителни оштетувања на куќи …
Continue Reading
Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст
Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил. – Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на компаниите кои имаат идеи …
Continue Reading