Ангелов: Три „ер трактори“ се борат со пожарот на Жеден кај Јажинце

Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ер трактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Во видеоизјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои  движењето е тешко. -Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, затоа денес работат трите „Ер …

Continue Reading

Црвен аларм во Грција – пожарите се закануваат да се прошират

Грција се подготвува за нов ден со исклучително висок ризик од шумски пожари, поради што за недела е прогласено црвено предупредување во повеќе делови од земјата. Предупредувањето од четврти степен, кој означува многу висок ризик од пожари, е издадено за Атика, вклучително и островот Китира, како и за Беотија, Евбеја со Скирос, Кикладите и Крит. Воведувањето на црвеното ниво подразбира …

Continue Reading

Херој на плажа во Ситонија: За неколку минути спасил три животи

Од обично летување на Ситонија до драматична борба за спас на човечки животи – така изгледал еден ден од одморот на Иван Катанчевиќ од Ниш, кој на плажата Сикија двапати влегол во морето за да спаси луѓе што силните бранови ги одвлекле од брегот. Иван раскажал дека неговото семејство тој ден решило да остане на плажата и покрај предупредувањата дека …

Continue Reading

Дванаесет возачи лишени од слобода, меѓу нив и малолетник – возеле без дозвола, пијани или со забрана

Дванаесет возачи во текот на изминатото деноноќие биле лишени од слобода на територијата на целата држава поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив, седум возачи управувале возило без возачка дозвола, а меѓу нив бил и еден малолетник. Еден од возачите бил фатен како управува под дејство на алкохол. Дополнително, полицијата лишила од …

Continue Reading

По 30 години чекање започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“

По повеќегодишните најави и одложувања, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој посочи дека довршувањето на булеварот со децении било едно од ветувањата за жителите на овој дел од градот, каде што секојдневно гравитираат повеќе од 100.000 граѓани. Според него, по решавањето на долгогодишниот проблем со експропријацијата, трасата била ослободена и работите …

Continue Reading

Татко му се заканувал на синот со остар предмет

Педесет и двегодишен жител на Тетово е лишен од слобода по пријава дека му упатувал закани на својот 26-годишен син. Според МВР, полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода Ш.И. на 14 август околу 23 часот, на улицата „Илинденска“ во Тетово. Претходно, неговиот син А.И. пријавил дека татко му му упатувал вербални закани со остар предмет. Ш.И. …

Continue Reading

Телефонски ѝ понудиле каско осигурување, уплатила 200.000 денари, па сфатила дека е измамена

Триесет и петгодишна скопјанка пријавила дека била измамена за околу 200.000 денари откако поверувала во понуда за каско-осигурување. Според МВР, жената на 13 август во СВР Скопје пријавила дека во текот на јули телефонски била контактирана од женско лице, кое ѝ понудило каско-осигурување за нејзиното патничко возило, со ветување дека за возврат ќе добие поголема сума, односно премија. Откако во …

Continue Reading

Турнал 79-годишна скопјанка на земја и ѝ го украл накитот

Седумдесет и деветгодишна скопјанка пријавила дека била нападната и ограбена пред продажно место во скопската населба Карпош. Според МВР, жената на 14 август во 20:20 часот пријавила дека претходниот ден околу 17:50 часот, едно лице со употреба на физичка сила ја турнало на земја и ѝ одзело личен накит. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.  

Continue Reading

Татко пријавил дека ќерка му била нападната со пластично шише, па родителите на малолетниците го пријавиле него

Случај со малолетници во Кисела Вода прераснал во физички пресметки меѓу нивните родители, по што полицијата го расчистила настанот. Според МВР, 35-годишен скопјанец на 14 август пријавил дека претходната вечер околу 21:30 часот, на игралиште во Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната со пластично шише од двајца малолетници. Откако родителите пристигнале на местото, малолетниците се разбегале во двор …

Continue Reading