СДСМ: Се случува намерна блокада на европскиот пат на Македонија

СДСМ преку соопштение за јавност реагира дека постојат, како што наведуваат, контрадикторности во изјавите на власта во однос на евроинтегративниот процес на Македонија. Во соопштението се наведува дека сè уште не е формирана новата влада во Бугарија, а премиерот Христијан Мицкоски, како што тврдат од СДСМ, веќе најавува влошување на односите меѓу двете земји. Тие се повикуваат и на изјава …

Continue Reading

СДСМ: Раст на инфлацијата од 5,7%, дилетантнот Мицкоски го доведе народот до раб на сиромаштија

Најновите податоци на Државниот завод за статистика уште еднаш ги потврдија дилетантските политики на Мицкоски и суровата реалност во која живеат граѓаните. Додека Христијан Мицкоски кажува бајки за „трета економија“ во Европа, статистиката е поразителна. Во април оваа година има раст на инфлацијата од 5,7% споредено со истиот месец 2025 година, велат од СДСМ. Од партијата наведуваат дека ова е значајно …

Continue Reading

Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители

Со 64 гласови „за“, 15 „против” и ниту еден „воздржан”, Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители кој е дел од Реформската агенда. Од Министерството за правда велат дека со предложеното законско решение се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот и на јавното обвинителство во целина. „Се реформира постапката …

Continue Reading

Најавен мирен протест пред Националната опера и балет на отворањето на Мајските оперски вечери: Повик за одбрана на Колективниот договор за култура

Синдикатот на културата (СКРМ) упати повик до своето членство и јавноста за мирен протестен собир кој ќе се одржи на денот на отворањето на Мајските оперски вечери, пред Националната опера и балет. Протестот, како што се наведува во соопштението на СКРМ, ќе се одржи на платото пред институцијата, во време кога публиката ќе пристигнува на свеченото отворање на фестивалот. „Ве …

Continue Reading

(Видео) Мециновиќ: СДСМ здружено со ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека напуштањето на работната група за измена на Изборниот законик од страна на СДСМ е во директна координација со владејачкото ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ во заговор со ВМРО-ДПМНЕ, а со цел задржување на бипартизмот и на позицијата на нивното компромитирано раководство, излегуваат од процесот за носење на нов Изборен законик. Кога македонското општество …

Continue Reading

Стрелачки клуб од Прилеп продавал оружје на лица кои не поседувале дозвола

Полицијата поднесе кривична пријава против стрелачко друштво од Прилеп, против управителот и ракувачот со оружје за недозволена трговија со оружје. Вчера до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесена е кривична пријава против управителот К.Ч.(43) од Прилеп, против ракувачот со оружје Т.Д.(73) од Прилеп и стрелачкиот клуб од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување …

Continue Reading

Кражба во болница во Гостивар: украден паричник, потоа подигнати над 40.000 денари од банкомат

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 70-годишниот С.Х. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „навлегување во компјутерски систем“. Според полицијата, на 11 ноември 2025 година, во Општата болница во Гостивар, пријавениот одзел паричник од И.П. (69), во кој имало 15.000 денари, лични документи и банкарска картичка. По кражбата, како …

Continue Reading

Терор во зграда во Центар: Две лица запалиле пожар и им ја краделе поштата на станарите

Станарите во зграда на улица „11 Октомври“ во Центар, во Скопје, доживеале вистински терор од страна на две лица. Последно, тие предизвикале пожар, во кој за среќа нема повредени. Според информациите на МВР, вчера во 06:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во двор зад станбена зграда на ул.„11 Октомври“ во Скопје. Според пријавеното, пожарот бил предизвикан …

Continue Reading

Драма во Кочани: Куче нападна мајка и 13-годишно девојче, сопственикот заработи кривична пријава

Полицијата поднесе кривична пријава против 46-годишниот С.Г. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Според информациите од полицијата, на 11 март 2026 година, пријавениот без надзор го пуштил своето куче на улица. Во тој момент, кучето нападнало две лица – Ѓ.Д.А. и нејзината 13-годишна ќерка. Од полицијата посочуваат дека по документирањето на случајот …

Continue Reading