Опожарени возила во Скопје: од пожарот оштетени и објекти
Утрово во 03:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Дичо Петров“ во Скопје било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со словачки национални ознаки, сопственост на В.Д.(41) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „голф“ со бугарски национални ознаки, како и дел од фасада од станбена зграда и дел од продажен објект. Од страна на Бригадата за …
Continue Reading
38-годишен скопјанец најден починат во домот во Кисела Вода
Во полициската станица во Скопје вчера, на 24 септември, околу 18:16 часот, било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Кисела Вода починал 38-годишниот К.К. од Скопје. На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар ја констатирал смртта. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција со цел да се утврдат причините …
Continue Reading
ДУИ: Извртување на тезите на Ахмети, Македонија е унитарна држава
Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро реагира на, како што ги нарече, „тенденциозните наслови и интерпретации“ во дел од медиумите поврзани со синоќешната изјава на нејзиниот лидер Али Ахмети. Од партијата велат дека се работи за „скандалозна, неодговорна и поттикнувачка злоупотреба и извртување на јасната и недвосмислена порака“ на Ахмети, при што категорично отфрлаат дека станувало збор за повик за …
Continue Reading
Го нападнал татко си за пари: семејно насилство во Гостиварско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.С.(47) од гостиварско село. Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“. Имено на 06.08.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му одзел пари.
Continue Reading
26 септември: Гостување на Градскиот мешан хор „Вардар“- Скопје со целовечерен концерт „Од Вардар за Вардар“
Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата 2025“, на 26 септември 2025 година (петок), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи целовечерен концерт на Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје. Влезот е бесплатен. Настанот е дел од јубилејниот проект „Од Вардар за Вардар“, кој се реализира по повод 25 години од постоењето на хорот. …
Continue Reading
Руни проговори за проблемите со алкохолот: Сопругата ме спаси
Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни призна дека имал проблем со алкохолизам. Руни со години беше кошмар за противничките дефанзивци и голамни во дресот на Манчестер јунајтед, Во подкаст со поранешниот соиграч Рио Фердинанд, тој призна дека долго време се борел со голем проблем. „Ставав капки за очи и џвакав мастика пред тренинг за да не се забележи. Знаев дека ќе …
Continue Reading
СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција ја претстави предлог-резолуцијата со која, како што рече, се дефинираат заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Филипче нагласи дека резолуцијата е потврдена врз основа на сите досегашни стратешки документи, договори и иницијативи на Собранието и Владата, и ја поставува рамката …
Continue Reading
„АРТ УМ“ Фестивал 2025: Два дена Гевгелија го живееше современиот културен ритам
На 19 и 20 септември 2025 година, второто издание на Mултимедијалниот фестивал „АРТ УМ“ го претвори градот во сцена каде музиката, технологијата и визуелната уметност се испреплетеа во нов културен јазик. Организиран од Здружението „АРТ УМ 023“, Фестивалот е дел од програмата „Гевгелија град на култура 2025“, а неговото значење надминува рамки на еднократен настан- тој ја редефинира улогата на …
Continue Reading
“Инхерентно инертни“-Мултимедијална изложба на Христина Крстеска
Во Културно-информативниот центар – Скопје на 2 октомври во 20 часот ќе се отвори мултимедијалната изложба од ликовниот уметник Христина Крстеска насловена „Инхерентно инертни“ „Колку се стари планините? Колку брзо се движат гребените? Колку длабоко продираат карпите? Зборот колку навестува нешто мерливо, како што е времето, брзината или длабочината. Но, она по што Христина Крстеска трага во својата уметничка пракса …
Continue Reading