26 септември: Гостување на Градскиот мешан хор „Вардар“- Скопје со целовечерен концерт „Од Вардар за Вардар“


postovi-septemvri-11.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата 2025“, на 26 септември 2025 година (петок), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи целовечерен концерт на Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје. Влезот е бесплатен.

Настанот е дел од јубилејниот проект „Од Вардар за Вардар“, кој се реализира по повод 25 години од постоењето на хорот. Проектот опфаќа турнеја низ повеќе градови во Македонија, при што Гевгелија е четвртата дестинација по Гостивар, Велес и Градско.


Хорот ќе настапи под уметничко раководство на диригентката Јасмина Ѓорѓеска Каро, со репертоар составен од хорски композиции од различни жанрови, периоди и автори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK