Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на булевар во Скопје
На 13 октомври 2025 година, околу 08:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар „8 Септември“ и сервисна улица во Скопје се случила сообраќајна несреќа. Според информациите од МВР, во несреќата учествувале патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (35) од Скопје, и велосипед управуван од С.Ј. (66) од Скопје. Во судирот тешки …
Continue Reading
(Видео) Барселона ќе игра против Реал во дресови со логото на Ед Ширан
Барселона претстави специјален дрес за претстојното Ел Класико (26 октомври), на кој на предната страна ќе стои логото на британската поп-ѕвезда Ед Ширан. „Со овој потег, каталонскиот клуб ја продолжува својата иновативна соработка со „Spotify“, зближувајќи ги световите на фудбалот и музиката пред големото дерби со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, пишува „goal.com“. Во она што веќе стана традиција пред …
Continue Reading
Бунт во соблекувалната на Шведска по шокантниот пораз од Косово
Репрезентацијата на Шведска, и покрај составот полн со ѕвезди, доживеа уште еден понижувачки пораз во во квалификациите за пласман на Светското првенство. Синоќа загубија од Косово во Гетеборг (0:1), а по поразот наводно кулминирале фрустрациите во соблекувалната. Скандинавците се заглавени на дното од нивната квалификациска група за Светското првенство со само еден бод по четири одиграни натпревари, пишува „Дејли Меил“. …
Continue Reading
Шефот на НАТО: Толку сме посилни од Русија што не мора да ги соборуваме нивните авиони и беспилотни летала
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера изјави дека Алијансата нема да ги соборува руските авиони и беспилотни летала што повремено влегуваат во воздушниот простор на земјите-членки ако не претставуваат директна закана. Тој нагласи дека НАТО ги има сите потребни овластувања да дејствува, но и дека не сака непотребно да поттикнува ескалација. „Ако авионот претставува закана, имаме овластување да преземеме, …
Continue Reading
Пријателите и соработниците се простуваат од Панчо од ДНК: „Џуџе мое, многу ќе ми фалиш“
Пријателите и соработниците се простуваат од Владимир Блажев – Панчо кој почина седум месеци по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. „Џуџе мое, многу ќе ми фалиш“, напиша Перо Антиќ. „Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, стои во пораката на Миа Костова. „Фала ти за секој совет, фала ти за поддршката што ми ја …
Continue Reading
Премиера на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“од Јохан Штраус II
На 25 октомври со почеток во 20.00 часот, на големата сцена на Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на едно од најпопуларните и највесели дела на сите времиња – оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II. Втората изведба на оперетата е закажана за 28 октомври, во 20 часот. Диригент е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на …
Continue Reading
Тинејџер во Скопје за 20 дена украл четири велосипеди, електрични тротинети и мопед
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за кражби на велосипеди, електрични тротинети и мопед. За помалку од 20-тина дена, односно од 22.09 до 09.10.2025 година, осомничениот извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети во центарот на Скопје, со што прибавил вкупна противправна имотна корист од околу 170 илјади денари. При кражбите користел сила за да …
Continue Reading
Обвинителството ќе нареди обдукција по смртта на Панчо од ДНК
Јавното обвинителство ја потврди информацијата за смртта на Владимир Блажев – Панчо од ДНК, кој почина утрово, седум месеци по пожарот во „Пулс“. „Обвинителството ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму заради здравствената состојба“, велат од Обвинителството. Блажев извесно време бил во кома, а по пожарот се здоби со тешки изгореници на лицето …
Continue Reading
Мицкоски: Комплетно реновирано одделение на Клиниката за трауматологија
Комплетно е реновирано одделение на Клиниката за трауматологија, изјави премиерот Христијан Мицкоски кој беше во посета на Клиниката. „Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за можноста да бидеме денес тука, да им се заблагодарам на здравствените работници коишто се дел од оваа клиника што работеле и имале трпение во услови коишто биле такви какви што биле, да бидам …
Continue Reading