Работнички испушти предност од два гола против Арсими

Два натпревари во кои немаше победник го отворија 11-то коло во Првата македонска фудбалска лига. Арсими и Работнички ги поделија бодовите по возбудливо реми во натпревар во кој двата тима постигнаа по два погодоци. Средбата донесе динамична игра, многу возбудувања и четири гола. Натпреварот започна со офанзивен ритам од двете страни. Во 7-та минута, Бешагиќ и Шефити комбинираа убаво, но …

Continue Reading

Божиновска и Јоксимовиќ: Забрзана изградба на гасниот интерконектор Македонија–Србија, се редефинира енергетската карта на регионот

Во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија и одржлив развој (IFESD-14), што се одржува во Скопје, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со Јована Јоксимовиќ, помошничка министерка за рударство и енергетика на Република Србија, задолжена за меѓународна соработка и европска интеграција. Во фокусот на разговорите беше изградбата на гасниот интерконектор меѓу Македонија и …

Continue Reading

„Тоа не е повлекување на САД од Европа“: Американската војска за намалување на силите

Повлекувањето на американската бригада од Романија не значи „повлекување“ од европскиот континент, објави денес американската армија. „Ова не е повлекување на САД од Европа, ниту е знак за намалена посветеност на НАТО и Член 5, кој предвидува дека секоја од 32-те земји на Алијансата мора да ѝ помогне на земја-членка во случај на напад“, нагласи американската војска во соопштение од …

Continue Reading

Утре без вода делови од Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( Четврток )поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхолмска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. (општина Карпош).

Continue Reading

Специјалниот пратеник на Путин: Не сакаме конфликтот во Украина да ескалира во нешто поголемо

Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, Кирил Дмитриев, на инвестициска конференција во Саудиска Арабија изјави дека војната во Украина би можела да заврши во рок од една година. Дмитриев го изјави ова по состанокот со претставници на американската администрација во САД минатиот викенд. „Сигурни сме дека сме на патот кон мир“ Неговата посета доаѓа по одлуката за одложување на …

Continue Reading

Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат: Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот. Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог. „Регионалната соработка за мене е неверојатно важна. Не може да избегаме …

Continue Reading

Русија успешно го тестираше нуклеарниот подводен дрон „Посејдон“

Русија спроведе успешен тест на подводниот дрон (торпедо) „Посејдон“ со нуклеарен погон, чија моќност ја надминува моќноста на интерконтиненталната ракета „Сармат“, објави денес претседателот на Руската Федерација Владимир Путин. „Вчера спроведовме уште еден тест на нов перспективен комплекс, подводното беспилотно возило „Посејдон“, исто така со нуклеарна енергетска единица. За прв пат успеавме не само да го лансираме од подморница-носач со …

Continue Reading

„Вреди“: Ноќ што испиша историја, Филхармонијата го воздигнува името на земјата во Виена

Вчера бевме сведоци на голем културен успех на нашата земја, историскиот концерт на Филхармонија на Македонија во Златната сала на Музикферајн во Виена, една од најпрестижните сцени за класична музика во светот. Овој концерт, кој се одржа во величествена и емотивна атмосфера, го демонстрираше високото уметничко ниво и професионализам на нашата филхармонија, која со своите брилијантни интерпретации на делата на …

Continue Reading

Вицегувернерката Нацевска: Кога плаќањата се извршуваат без напор, економијата расте со доверба

„Единствената област за плаќања во евра, СЕПА, веќе е дел од нашата реалност. Тоа не е само симбол, туку и услуга. Преку пониските трошоци, брзината и едноставниот сет информации потребен за извршување на плаќањето, граѓаните и компаниите од нашата земја веќе ги чувствуваат придобивките кога испраќаат пари или кога плаќаат снабдувачи во странство или, пак, кога примаат дознаки од странство“, …

Continue Reading