Интензивно се работи на гаснење на пожарот на депонијата во Кавадарци, објави Јанчев

Интензивно се работи на терен на депонијата „Мелци“, со максимално ангажирање на механизација, опрема и човечки ресурси, со единствена цел – целосно нормализирање на состојбата, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Во моментов се ангажирани булдожери, багери, екипи на ЈП „Комуналец“, камиони и цистерни. „Во акцијата се вклучени и општествено одговорни компании и институции, кои со својата механизација и ресурси …

Continue Reading

Спречен напад на украинска фабрика за дронови во Словачка

Словачката полиција спречи обид за палење на фабрика на украинскиот производител на дронови „Скајетон“, која се наоѓа на истокот од земјата. Полицијата вчера објави детали за операцијата со кодно име „Дрон“, според украинскиот портал Militarii. Претставник на „Скајетон“ изјави дека Русија редовно се обидува да напаѓа компании кои работат за Украина. „Русите систематски се обидуваат да ги таргетираат нашите производствени …

Continue Reading

(Фото) Што и да кажете – таа е кралица на стилот: Викторија Бекам во совршена „гола“ тоалета

Викторија Бекам ги ужива последните денови од летото со своите најблиски, а сега позираше со ќерката Харпер. Модната дизајнерка Викторија Бекам (52) викендов објави фотографии од патувањето што го направи со ќерката Харпер (15). Двете изгледаа речиси идентично во своите стилски комбинации. На фотографијата што ја објави Харпер, а која подоцна ја сподели и поранешната членка на „Спајс Грлс“, Викторија …

Continue Reading

Колегите го избраа Бруно за најдобар играч во сезоната 2025/26

Здружението на професионални фудбалери на Англија, во вторникот вечерта, ги додели наградите на најдобрите од претходната сезона. Најдобар играч е Бруно Фернандес, додека наградата за најдобра кај дамите ја освои Каџа Шо. Бруно Фернандес е првиот играч на Манчестер Јунајтед кој ја добива наградата, за која одлучуваат колегите играчи, од 2010 година, кога Вејн Руни беше лауреат. Што се однесува …

Continue Reading

ДУИ: Влен ја претвора „Бердовци“ во семеен бизнис – тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот

Уште еден скандал излегува на површина под власта на ВЛЕН: тендерот во Психијатриската болница „Бардовци“, во вредност до 42 илјади евра годишно, завршил кај компанија во сопственост на братучедот на директорот на болницата, објавија од ДУИ. „Според објавените информации, сопственикот на „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, Бесим Авдулаи, е братучед на директорот Иса Авдулаи. Самиот директор ја потврдил семејната поврзаност, признавајќи …

Continue Reading

Ова се сите познати учесници во Лигата на шампионите, вечерва ќе биде комплетирана листата

Познати се 32 од вкупно 36 учесници во финалната фаза од Лигата на шампионите. За потсетување 29 се квалификуваа директно, плус три клуба кои го заработија тоа право синоќа преку плејофот. Листата ќе биде комплетирана во среда навечер, а ждрепката ќе се одржи во четврток, во „Фрималди Форум“ во Монако. Пари Сен Жермен ја брани титулата европски шампион од претходната …

Continue Reading

Левица бара Јаневска да им објасни на студентите каков здрав и пристоен оброк можат да купат за 140 денари

Откако неколкупати ѝ укажавме на Весна Јаневска дека студентскиот оброк останал закован на 140 денари од 2023 година, министерката реши да оди чекор подалеку и сега соопшти дека не планира ни да го зголеми, бидејќи, замислете, „студентите не се пожалиле“, велат од Левица. „Ова веќе го оценуваме како кулминација на дрскоста. Министерката од нас беше јавно предупредена дека постои законска …

Continue Reading

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ, велат од СДСМ. „Мицкоски се обидува да објасни дека токму нему лично не му оди во процесот на преговори со ЕУ – бидејќи, како што самиот рече, тој „разговара“, а не „преговара“, што не е ни чудо што не му оди. Второ, по сите лажни ветувања, овој тендер-патриот, лидер на промакедонска …

Continue Reading

(Фото) Една од најмоќните жени во светот покажа скриен талент и ги „полуде“ луѓето

Иванка Трамп и нејзиното семејство заминаа на нов одмор, каде што уживаат во своето омилено хоби, а снимките молскавично се проширија низ социјалните мрежи. Иванка Трамп (44), ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, покрај тоа што привлекува внимание со својот изглед, неодамна фасцинира и со своите спортски вештини. #IvankaTrump ha trascorso una giornata di surf in Costa Rica durante una …

Continue Reading