Кремљ: Украина на крајот ќе мора да преговара, но од многу полоша позиција
Москва, чиишто сили се обидуваат да го преземат Покровск во источна Украина, ја обвини украинската страна дека одбива да учествува во мировни преговори, додека Киев смета дека условите на Русија се неприфатливи и претставуваат барање за капитулација. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија е отворена за политичко и дипломатско решение и дека го сака мирот, но ако тоа …
Continue Reading
Орбан по корупцискиот скандал: Парите за Украина ги краде воена мафија блиска до Зеленски
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека во Украина е разоткриена воена мафија која на илјада начини е поврзана со претседателот Зеленски. Тој потсети дека министерката за енергетика поднесе оставка, а главниот осомничен побегнал од земјата. „Ова е хаосот во кој бриселската елита сака да фрли пари од европските даночни обврзници. Парите што нема да завршат на фронтот ќе ги украде …
Continue Reading
Филипче ќе го номинира Александар Трајановски за потпретседател на СДСМ, вечерва ќе соопшти и други кадровски промени
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека вечерва ќе се одржи седница на Извршниот одбор на која ќе се разгледуваат повеќе кадровски и политички промени во партијата. Тој посочи дека процесот на внатрешни реформи се одвива постепено и по јасен план. Филипче откри дека ќе предложи докторот Александар Трајановски да ја преземе функцијата потпретседател на СДСМ. „Трајановски е човек кој …
Continue Reading
„Од класицизам до македонизам“ – музичка вечер во Гевгелија со квартетот „Стрингендо“
Во рамки на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 12 ноември во Народниот театар- Гевгелија се одржа концертот „Од класицизам до македонизам“ на квартетот „Стрингендо“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Публиката уживаше во програма која започна со бисери на класичната музика како „London Trio No.1“ од Joseph Haydn, „Eine Kleine Nachtmusik“ (I. став) …
Continue Reading
Министерството за економија: Законските измени ќе придонесат до поквалитетни инвестиции и повисоки плати
Со усвојувањето на измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите во август и со дополнителните измени што треба да се финализираат до крајот на годината, се создава стабилна и транспарентна рамка за стимулирање на поквалитетни инвестиции, соопшти Министерството за економија и труд. Според Министерството, новите законски решенија ќе резултираат со забрзан економски раст, отворање на нови работни места и …
Continue Reading
Мицкоски: Ако може и да не сме Македонци ќе бидеме најдобри, некој ни прави булинг за да не сопре да напредуваме кон ЕУ
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ќе ги заврши сите обврски поврзани со евроинтеграциите, но дека нема да дозволи булинг врз Македонија во процесот. „Ние ќе направиме сè што е во нашата моќ да ја завршиме домашната работа, ајде да видиме тогаш што ќе се случи. Пред 8 години, кога менувавме имиња и презимиња, ни велеа дека сме фронт ранери …
Continue Reading
15 ноември: „Под исто платно: инклузија низ култура“ – изложба „Цветна градина“ на Роза Мојсовска во Гевгелија
Во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 15 ноември 2025 година (сабота), со почеток во 15:00 часот, во Уметничката галерија „Амам“ ќе биде отворена самостојната изложба на уметницата Роза Мојсовска, насловена „Цветна градина“, во склоп на Проектот „Под исто платно: инклузија низ култура“. Настанот се реализира во организација на „Абилитис“ и „Зета“, со поддршка од …
Continue Reading
Ако правосудството работи по закон, и мојата плата ќе им ја донирам, рече Мицкоски кој засега не поддржува зголемување на примањата на судиите и обвинителите
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема да дозволи зголемување на платите во правосудниот сектор, коментирајќи ги шесте предложени реформи во законите од областа на судството и обвинителството. Тој порача дека главната реформа во тие закони е токму зголемувањето на платите, што според него е неприфатливо поради состојбата со буџетот. Мицкоски наведе дека следната година државата треба да врати над …
Continue Reading
Ферстапен: Титулата ја загубивме во првиот дел од сезоната
Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, признава дека минимални се шансите да ја одбрани титулата. Ферстапен има 49 поени помалку од лидерот Ландо Норис, на три трки до крајот на сезоната. Ферстапен, вози шампионски во вториот дел оваа сезона, импресивен беше во Бразил, кога трката ја стартуваше од пит-лејнот, а ја заврши на третото место. „Ја загубивме титулата од …
Continue Reading