Реплек ја отвори својата подружница – КА информативниот центар – прв центар за информирање за производите на база на медицински канабис

„Реплек“ ја отвори својата подружница – КА информативен центар, наменет за информирање за производите на компанијата на база на медицински канабис. Центарот е прв од ваков вид во државата и претставува уште еден пионерски чекор во сегментот на производи на база на канабис, кои компанијата прва ги воведе на домашниот пазар, уште во 2016 година. КА информативниот центар е дел …

Continue Reading

Приведен жител на Таринци кој искршил инвентар во болницата во Штип по смртта на неговиот татко

Вчера, по полноќ, полициски службеници од  Штип го приведоа 29-годишниот Ј.А. од селото Таринци, општина Карбинци, во Клиничката болница во Штип. Претходно, во болницата бил донесен неговиот татко В.А. (54), кој, и покрај укажаната лекарска помош, починал. Кога Ј.А. пристигнал во установата и бил информиран од медицинскиот персонал дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон персоналот и искршил …

Continue Reading

Фондацијата д-р Верица Механџиска и Зегин целосно опремија два кабинети за рана интервенција

Вчера беа пуштени во употреба два кабинети за рана интервенција во Центарот за рехабилитација на патологијата на вербалната комуникација, значително проширувајќи го капацитетот на Центарот за поддршка на децата од најмала возраст. Оваа активност е донација на Фондацијата д-р Верица Механџиска и Зегин и ја одразува нивната континуирана посветеност за унапредување на заедницата и создавање на поинклузивно и похумано општество. …

Continue Reading

Насилство во две основни училишта во Скопје – полицијата работи на расчистување на случаите

Полицијата евидентираше два одделни инцидента со малолетници во основни училишта на подрачјето на градот. На 26 ноември 2025 година, во 11:15 часот, во хол на основно училиште во општина Ѓорче Петров бил нарушен јавниот ред и мир при физичка пресметка меѓу двајца малолетници од Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Следниот ден, на 27 ноември 2025 година, во …

Continue Reading

Вонредна седница за свлечиштето на Водно бара советничката група на Левица во Центар

Советничката група на Левица во Општина Центар побара вонредна седница на Советот, поради како што истакнуваат, сериозните информации за активирано лизгање на земјиштето на падините на Водно, непосредно над населените делови на општината. „Сметаме дека јавноста има право да знае што точно се случува, кои мерки се преземаат и дали причините за оваа појава се поврзани со долгогодишното и неконтролирано …

Continue Reading

Mаж најден починат утрово на тротоар на „Илинденска“

Утрово околу 07:00 часот, во полицијата било пријавено дека на тротоар на булеварот „Илинден“ во Скопје бил пронајден починат Т.К. (66), кој претходно бил пријавен дека не се вратил во својот дом. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. На местото бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Continue Reading

Малолетник ранет со воздушна пушка во Банско – приведен 65-годишник

Вчера околу 23:45 часот во селото Банско, полицајци го приведоа Б.М. (65) од истото село. Според пријавеното, околу 20:30 часот, во близина на неговата куќа, тој со воздушна пушка пукал кон малолетник од Струмица и го погодил во ногата. На повредениот му била укажана медицинска помош во Општата болница во Струмица. Воздушната пушка била пронајдена и одземена од Б.М., кој …

Continue Reading

Тешко повреден возач во судир меѓу автобус и „сузуки“ кај Кучково

Вчера на локалниот пат меѓу селата Кучково и Волково се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ЛАЗ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.С. (61) од с. Никиштани, и патничко возило „Сузуки Свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (71) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., а повредите му биле констатирани во Градската општа …

Continue Reading

(Видео) Димитриевски: Нов скандал што мириса на корупција, власта дава 10 денари по килограм за неколку винарии наместо за лозарите

После скандалот со ИПАРД на повидок е уште еден во низата коруптивни скандали во ресорот земјоделство. И тоа на штета на земјоделците и на лозарите, истакна на прес-конференција Александар Димитриевски од СДСМ. „Според нашите информации, пред три дена, на 25.11.2025 на владина седница е донесена одлука за дополнување на програмата за интервентен фонд со мерка за доделување на финансиска поддршка …

Continue Reading