Бесплатни прегледи за Светскиот ден на мозочниот удар на плоштад: Кај 50 отсто од прегледаните имало наод
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на централното одбележување на Светскиот ден на мозочниот удар, во организација на Клиниката за неврологија, посветено на превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредувањето на здравствената грижа за пациентите. „При мозочен удар посебно значајни се превенцијата и навремениот третман, бидејќи времето за реагирање е неколку часа и за тоа се потребни достапна …
Continue Reading
„Exit“ се враќа во Нови Сад: „Слободата се врати во Србија“
Музичкиот фестивал „Exit“ се враќа на Петроварадинската тврдина следниот јули, објавија организаторите, иако првично беше планирано враќање со полн капацитет дури во 2028 година. „По три дена славење на оваа историска победа, со огромна радост потврдуваме: ’Exit‘ се враќа дома“, соопштија од фестивалот на своите официјални канали на социјалните мрежи. Организаторите потсетија дека претходно изјавиле оти „Exit“ ќе се врати …
Continue Reading
Хоџа: Со поддршка од ЕУ го унапредуваме системот за квалитет на воздухот
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на завршниот настан на проектот SMILE, реализиран со поддршка на Европската Унија преку ИПА II програмата, чија цел е унапредување на системот за управување со квалитетот на воздухот. Хоџа истакна дека борбата против загадувањето бара системски пристап, сигурни податоци и координирано дејствување на сите надлежни институции. Во рамки …
Continue Reading
Мицкоски до Реџепи: Со вашето владеење избркавте 10 илјади луѓе од Брвеница, а сега истите тие ги молите да се вратат и да гласаат на етничка основа
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања одговарајќи на обвинувања на пратеникот на НАИ, Скендер Реџепи за пораките кои се испраќаат за време на кампањата во Брвеница истакна дека никој од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не повикал на етничко гласање. „Околу делот на пораките коишто ги испраќате за тоа што сум зборувал јас кога бев во …
Continue Reading
Словачка ја потврди поддршката за европскиот пат на Македонија, Муцунски и Бланар разговараа за продлабочување на соработката
На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во официјална посета на Република Северна Македонија престојуваше министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка, Јурај Бланар. Главен фокус на разговорите беше ставен на натамошното унапредување на билатералните односи и реафирмирањето на словачката поддршка на нашиот процес на европска интеграција. На средбата беше заеднички оценето …
Continue Reading
Студентската листа во Србија бара оставки, истраги и проверка на државните проекти
Студентската листа „Студентите победуваат“, која победи на парламентарните избори во Србија, денеска одржа прес-конференција во Пионерскиот парк во Белград, на местото на поранешниот „Ќациленд“, од каде што побара низа итни оставки, отворање истраги и спречување злоупотреби при транзицијата на власта, пренесува „Индекс“. Четири дена по изборната победа, на која според досегашните резултати освои повеќе од 52 отсто од гласовите, студентското …
Continue Reading
Јаневска: Стануваат видливи резултатите од научните проекти што ги поддржавме со буџет од 6 милиони евра
Со шест милиони евра, минатата година Владата на Македонија ја финансираше имплементацијата на 50-тина научно истражувачки проекти од јавен интерес, кои ги реализираат јавните научни и високообразовни установи, Македонската академија на науките и уметностите и бизнис заедницата. Видливо ја раздвиживме науката и денес веќе почнуваме да ги гледаме резултатите од тие проекти. Ова го истакна министерката за образование и наука, …
Continue Reading
(Видео) Филипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата, меѓутоа премиере, не и тебе лично
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието упати остри критики до премиерот, Христијан Мицкоски, за, како што кажа, начинот на практикување на власта, пропагандните кампањи, дискредитациите, навредите кон граѓаните, криминалните врски со Вучиќ, избегнувањето конкретни одговори пред јавноста и распродажбата на земјата. „Сакам да кажам почитуван премиер, ама не можам. Ја почитувам функцијата, меѓутоа …
Continue Reading
(Видео) Саутпарк ја промовираа новата песна „Невидлива“
Денес, 29 октомври, во 12 часот на пладне, бендот Саутпарк направи онлајн промоција на новите песна и видео запис. Лани Саутпарк ја објавија „Можеби“, подарувајќи ѝ на македонската музичка сцена нумера со совршен баланс помеѓу меланхолија и енергичност, модерен призвук и носталгија. Аудио микс и мастеринг на песната направи Дамир Пух од ГринРум саунд студио (GreenRoom Sound Studio). Видеото го …
Continue Reading