Мицкоски до Реџепи: Со вашето владеење избркавте 10 илјади луѓе од Брвеница, а сега истите тие ги молите да се вратат и да гласаат на етничка основа

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања одговарајќи на обвинувања на пратеникот на НАИ, Скендер Реџепи за пораките кои се испраќаат за време на кампањата во Брвеница истакна дека никој од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не повикал на етничко гласање. „Околу делот на пораките коишто ги испраќате за тоа што сум зборувал јас кога бев во …

Continue Reading

Словачка ја потврди поддршката за европскиот пат на Македонија, Муцунски и Бланар разговараа за продлабочување на соработката

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во официјална посета на Република Северна Македонија престојуваше министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка, Јурај Бланар. Главен фокус на разговорите беше ставен на натамошното унапредување на билатералните односи и реафирмирањето на словачката поддршка на нашиот процес на европска интеграција. На средбата беше заеднички оценето …

Continue Reading

Студентската листа во Србија бара оставки, истраги и проверка на државните проекти

Студентската листа „Студентите победуваат“, која победи на парламентарните избори во Србија, денеска одржа прес-конференција во Пионерскиот парк во Белград, на местото на поранешниот „Ќациленд“, од каде што побара низа итни оставки, отворање истраги и спречување злоупотреби при транзицијата на власта, пренесува „Индекс“. Четири дена по изборната победа, на која според досегашните резултати освои повеќе од 52 отсто од гласовите, студентското …

Continue Reading

Јаневска: Стануваат видливи резултатите од научните проекти што ги поддржавме со буџет од 6 милиони евра

Со шест милиони евра, минатата година Владата на Македонија ја финансираше имплементацијата на 50-тина научно истражувачки проекти од јавен интерес, кои ги реализираат јавните научни и високообразовни установи, Македонската академија на науките и уметностите и бизнис заедницата. Видливо ја раздвиживме науката и денес веќе почнуваме да ги гледаме резултатите од тие проекти. Ова го истакна министерката за образование и наука, …

Continue Reading

(Видео) Филипче до Мицкоски: Ја почитувам функцијата, меѓутоа премиере, не и тебе лично

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања во Собранието упати остри критики до премиерот, Христијан Мицкоски, за, како што кажа, начинот на практикување на власта, пропагандните кампањи, дискредитациите, навредите кон граѓаните, криминалните врски со Вучиќ, избегнувањето конкретни одговори пред јавноста и распродажбата на земјата. „Сакам да кажам почитуван премиер, ама не можам. Ја почитувам функцијата, меѓутоа …

Continue Reading

(Видео) Саутпарк ја промовираа новата песна „Невидлива“

Денес, 29 октомври, во 12 часот на пладне, бендот Саутпарк направи онлајн промоција на новите песна и видео запис. Лани Саутпарк ја објавија „Можеби“, подарувајќи ѝ на македонската музичка сцена нумера со совршен баланс помеѓу меланхолија и енергичност, модерен призвук и носталгија. Аудио микс и мастеринг на песната направи Дамир Пух од ГринРум саунд студио (GreenRoom Sound Studio). Видеото го …

Continue Reading

Беким Сали во ирскиот Парламент: Проширувањето на ЕУ треба да донесе конкретни резултати за земјите кандидатки

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Заедничкиот комитет за европски прашања на ирскиот Парламент и неговиот претседател, Бери Ворд, во рамки на официјалната посета на Ирска. Во фокусот беа пристапувањето на Северна Македонија кон Европската Унија, приоритетите на ирското претседателство со Советот на ЕУ, спроведувањето на Реформската агенда и можностите за постепена …

Continue Reading

Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ

Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ, обвини Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Александар Обрадовиќ е балкански мешетар, кој беше советник на Заев, па потоа сакаше и да го стави за директор на ЕЛЕМ, но поради притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, тоа се запре. Но, во 2021 година, Обрадовиќ станува директор …

Continue Reading

Рибакина го обезбеди првото место на крајот од сезоната

Елена Рибакина го обезбеди првото место на ВТА листата на крајот од сезоната, откако ја победи сонародничката Јулија Путинцева со 6:2, 6:3 во второто коло од турнирот во Токио. Казахстанската тенисерка ја оствари целта една недела пред почетокот на завршниот турнир од сезоната во Ријад. Рибакина стигна до осминафиналето на ВТА 500 турнирот во Токио без борба во првото коло, …

Continue Reading