(Видео) Роботи просат за пари на улиците во Кина

Хуманоидни роботи од кинеската компанија Unitree станаа вирални по видеото на кое тие „просат“ за пари преку QR кодови, предизвикувајќи дебата за влијанието на вештачката интелигенција во услови на борба со трошоците за живот. Видеото, кое се прошири на социјалните медиуми, го прикажува роботот како клечи со скрстени раце на улицата, додека звучник и LED знак објаснуваат дека собира донации …

Continue Reading

(Фото) Прекрасната сопруга на Един Џеко испрати јасна порака со една фотографија: Љубовта е невозможно да се скрие

Фудбалерите на Босна и Херцеговина се уште се во центарот на вниманието по ремито со Канада на Светското првенство. Еден од најпознатите босански фудбалери, воедно и капитен, Един Џеко, долго време е ѕвезда на социјалните мрежи, а особено сега, за време на Светското првенство, се следи секој негов потег. View this post on Instagram A post shared by Amra Džeko …

Continue Reading

(Видео) Пресушија пабовите во Бостон – Шкотланѓаните го испија целото пиво

Пристигнувањето на илјадници навивачи на Шкотска на Светското првенство предизвика неочекуван проблем во Бостон – недостиг на пиво низ целиот град. За време на групната фаза од Светското првенство, Шкотска игра два натпревари во Бостон, а голем број навивачи на популарната „Тартан арми“ отпатуваа во САД за да го поддржат својот тим. Сепак, нивната жед стави сериозен притисок врз локалните …

Continue Reading

Зошто дињата е моќен сојузник за здравјето?

Богата со витамини, минерали и антиоксиданси, дињата го зајакнува имунитетот, го поддржува здравјето на срцето и му помага на телото да остане хидрирано во текот на летните денови. Покрај тоа што е освежителна, дињата придонесува за здравјето на срцето, очите и имунитетот. Слатката и сочна диња не е само омилено летно освежување, туку и вистинска ризница на хранливи материи. Таа …

Continue Reading

Директорот на БЈБ Јанев оствари работна средба со генералниот директор на италијанската полиција во Рим

Денеска во организација и со поддршка на Проектот EU4FAST, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во Рим, Италија, оствари работна средба со генералниот директор на италијанската полиција, информира МВР. На средбата се разговараше за унапредување и продлабочување на билатералната соработка меѓу македонската и италијанската полиција, со посебен акцент на заедничкото справување со современите безбедносни предизвици, како што се …

Continue Reading

Беким Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда дека Северна Македонија има реална европска перспектива

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави расправата во Европскиот парламент по Извештајот за Северна Македонија, оценувајќи дека пораките упатени од европратениците претставуваат силна потврда за европската перспектива на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес. Во рамки на дебатата, известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, испрати охрабрувачки пораки …

Continue Reading

Вардар, Силекс и Шкендија ги дознаа потенцијалните противници за втората рунда

Пред ждрепката за второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите (12.00 часот), УЕФА го скрати списокот на потенцијални ривали на Вардар. Секако за да дојде до втората рунда, македонскиот првак ќе треба да го елиминира КуПС во првото коло. Она што не е добро за Вардар е што меѓу потенцијалните противници се шампионите на Шведска (Мјалби) и Данска (Архус) …

Continue Reading

Повторно средба на двајцата современи музички визионери: Џијан Емин и Франческо Тристано заедно со Бамбергер Симфоникер

По успешната минатогодишна соработка, Емин и Тристано повторно се обединуваат на сцената на еден од најугледните европски оркестри. Бамберг повторно му ја довери диригентската палка на Џијан Емин, кој заедно со Франческо Тристано ќе приреди музичко патување од Бах до нови авторски светови. Македонскиот диригент Џијан Емин повторно ќе застане пред еден од најпрестижните европски оркестри – Бамбергер Симфоникер, потврдувајќи …

Continue Reading

Летна читачко-креативна детска авантура во Карпош

Во период од 16 јуни до 16 јули, библиотеката „Другарче“ ќе биде централно место за дружење, креативност и многу читање. Станува збор за проектот „Читањето како навика, библиотеката како дом-Интеркативни читачки работилници за деца“, во организација на Марија Павлеска, едукатор и основач на профилот „Мама ми чита“. Проектот е финансиски поддржан од Општина Карпош, преку Програмата за култура на Секторот …

Continue Reading